Дали сте знаеле... (Блог)Текстови посветени на не толку широко познати математички концепти, впечатливи приказни од историјата на математиката, интересни математички факти.
КАКО ДА ПРЕВИТКАТЕ ТРЕТИНКА ОД ЛИСТ ХАРТИЈА
- 3 јуни 2021, КАТЕГОРИЈА: Дали сте знаеле... Сите знаеме како да превиткаме лист хартија на половина. Но, дали знаете како може да превиткате третинка или петтинка или седминка од еден лист хартија? Постапката е многу едноставна, а воедно претставува и интересна примена на Питагоровата теорема и сличноста на триаголници. повеќе... КАКО МАИТЕ ПРАВЕЛЕ ПРАВ АГОЛ
- 12 септември 2020, КАТЕГОРИЈА: Дали сте знаеле... Маите се американски староседелски народ најмногу познат по своите монументални градби за време на класичниот период на Маите (250-900 година). Се смета дека Маите користеле многу геометриски пресметки при градењето на градбите. Познати се и по техниката на формирање прав агол т.е. агол од 90º. повеќе... КАКВА ВРСКА ИМА ПАСКАЛОВИОТ ТРИАГОЛНИК СО НОВА ГОДИНА
- 24 декември 2018, КАТЕГОРИЈА: Дали сте знаеле... Паскаловиот триаголник е еден од најмистериозните триаголници во математиката. Тој во себе крие многу „тајни“ шеми на броеви, како на пример, природните броеви, потоа триаголните, квадратните, шестаголните, тетраедарските и фибоначиевите броеви, исто така и степените на бројот 2, степените на бројот 11 итн. Во продолжение ќе ви откриеме некои Божиќни и Новогодишни мотиви кои се кријат во Паскаловиот триаголник. повеќе... КОЈА Е МАТЕМАТИКАТА НА БАР КОДОТ
- 20 август 2018, КАТЕГОРИЈА: Дали сте знаеле... Кога ќе се спомне бар код, најчесто помислуваме на сликичка со линии и бројки под линиите, која „носи“ информација за цената на производот кој го купуваме. Не сме далеку од вистината, иако поимот за бар код е многу поширок, а информацијата која тој ја носи е многу повеќе од цената на производот. И како додаток на сѐ, во бројките дури има и „скриена математика“. повеќе...
ШТО Е МАТЕМАТИЧКО МОДЕЛИРАЊЕ?
- 13 декември 2017, КАТЕГОРИЈА: Дали сте знаеле..., Математички вештини Во време кога почнавме повеќе да ги приметуваме и вреднуваме креативноста, критичкото размислување, способноста за решавање на проблеми, време е за математичкото моделирање, со кое овие вредности поинтезивно се практикуваат. Но, што е математичко моделирање? Како тоа може да ни помогне, на пример, да одлучиме колку јаболка треба едно семејство да понесе со себе на пикник? Или дали вреди да наполниме гориво во нашиот автомобил од подалечна бензиска станица, но по пониска цена? повеќе... ШТО СЕ СПИРАЛОАГОЛНИЦИ
- 21 август 2017, КАТЕГОРИЈА: Дали сте знаеле... Дали знаете што се тоа спиралоаголници? Самото име кажува дека би требало да се некои фигури со агли (како и многуаголниците) и дека имаат некаква врска со спирали. Но каква? Дознајте како се цртаат, како со нив може да се вежбаат таблиците за множење и како преку нив математиката има врска со уметноста. повеќе... ШТО СЕ ЕГИПЕТСКИ ДРОПКИ
- 17 мај 2017, КАТЕГОРИЈА: Дали сте знаеле... При решавањето на практичните проблеми од секојдневниот живот, трговијата и пазарењето, старите Египќани користеле дропки. Дознајте како Египетските дропки, денес може да ги искористиме за да на практичен начин поделиме подеднакво 11 пици на 12 луѓе. повеќе... КАКО СЕ РОДИЛА НИЗАТА ФИБОНАЧИЕВИ БРОЕВИ
- 30 март 2017, КАТЕГОРИЈА: Дали сте знаеле... Прочитајте ја приказната за хипотетичката популација на зајаци и нејзиниот креатор, италијанскиот математичар Фибоначи. повеќе... КАКО НЕКОГАШ МНОЖЕЛЕ КИНЕЗИТЕ
- 20 јануари 2017, КАТЕГОРИЈА: Дали сте знаеле... Дознајте за еден едноставен начин за множење кој може да биде и забавен доколку искористите разнобојни цевки за сок или конци. повеќе... ШТО Е ФАКТОРИЕЛ
- 11 јануари 2017, КАТЕГОРИЈА: Дали сте знаеле... Факториел на некој природен број n е бројот кој се добива со множење на сите природни броеви помали или еднакви на n. На пример, 6! = 1 × 2 × 3 × 4 × 5 × 6 = 720 повеќе... КАКО ДА ПРЕСМЕТАТЕ ВО КОЈ ДЕН ОД НЕДЕЛАТА СТЕ РОДЕНИ
- 19 декември 2016, КАТЕГОРИЈА: Дали сте знаеле... Дали знаете во кој ден од неделата сте родени? Дали знаете како да го одредите денот од неделата, ако ви е познат датумот? Следете ја следната постапка (алгоритам) за да пресметате и самите. повеќе... НЕКОИ ФАКТИ ЗА БРОЈОТ ЕДЕН
- 16 ноември 2016, КАТЕГОРИЈА: Дали сте знаеле... На што прво ви текнува кога ќе помислите на бројот 1 (еден)? Можеби на: единственост, уникатност, непроменливост. И не сте така далеку од значењето на овој број... Бројот 1 е омилен во трките, натпреварите, но непосакуван е на училиште. Во кошарката, 1 поен се доделува за постигнат кош при слободно фрлање. Асот во картите понекогаш има вредност 1. повеќе... КАКО ЛУЃЕТО ГО БЕЛЕЖАТ БРОЕЊЕТО
- 3 ноември 2016, КАТЕГОРИЈА: Дали сте знаеле... Бележењето на броењето и старо колку и човекот. Броењето и неговото забележување, се вбројуваат во праисториските зачетоци на математиката. Интересно е што тие древни техники се се' уште присутни и денес. повеќе... |
Математика +Блог страница на Математика + наменета за децата, родителите и наставниците.
Категории |
Copyright © 2015 Математика +
|