За тимот на Математика +
Медиумите за Математика +
30 октомври 2017, Математика + на Fakulteti.mk
|
Уредниците за Математика +
Почитувани ученици, родители и наставници,
На страниците на Математика + ќе може да најдете математички задачи за учениците во основно образование, математички ресурси за наставниците и совети за родителите. Почнавме со задачи за најмладите ученици и постепено надополнуваме со содржини и за учениците од погорните одделенија. Тука ќе најдете, тестови, работни листови, математички боенки, математички приказни, но и материјали кои се користат во наставата по математика. Страниците се доволно разнобојни, интерактивни, а задачите интересни, така што се надеваме дека ќе го заслужат пред се' вниманието на учениците, но и нивните наставници и родители. Задачите кои ги објавуваме на Математика + се (не)стандардни задачи, за кои е потребно малку повеќе размислување. Задачите се поделени по одделенија, а некаде и по нивоа во рамките на самото одделение, со препорака учениците кои немаат искуство со решавање на ваков тип на задачи, најнапред да ги решат задачите од пониските нивоа и/или одделенија. Општо познато е дека решавањето на ваков тип на задачи, кои бараат поголема концентрација за разбирање пред се на барањето во задачата, а потоа и способност за логичко расудување, може многу да го подобрат аналитичкиот начин на размислување кај децата, кој им треба при совладувањето на наставните содржини по сите предмети во училиште, како и при решавањето на проблемските ситуации во животот. Блог страницата на Математика + опфаќа повеќе категории, од совети за родителите, математички текстови за стручна дообука на наставниците, се' до математички игри, загатки и хумор за сите генерации. Веруваме дека можеме на овој начин да придонесеме не само за раѓање на љубовта кон математиката, туку и за развивање на талентот за математика. Но, и да им понудиме малку поинакви, понапредни типови задачи на учениците кои со леснотија ги совладуваат предвидените наставни содржини по математика во училиштата. Математиката и децата се значаен дел од нашиот живот. Работиме како професори по математика, но и сме родители на деца на возраст за која се и наменети содржините на Математика +. Задачите кои се објавуваат на страниците на Математика + се во најголем број оригинални задачи, но исто така идеи за задачите добиваме и од:
Нашите најмили го заслужуваат најдоброто. Заедно да им обезбедиме поквалитетно образование. Ве повикуваме на соработка за остварување на оваа заедничка цел (видете Контакт). Со почит, Уредниците на Математика + |
Дознај повеќе за Математика +
*) При секое превземање на содржини од страниците на Математика + задолжително да се наведе изворот (авторот и интернет страницата).
Copyright © 2015 Математика +
|