Математички вештини (Блог)Утврдете ги, продлабочете ги, проширете ги вашите математички вештини со текстовите во оваа категорија.
МАГМАТИЧАРИ - ИСТРАЖУВАЧИ И ТРИКОВИ СО КАРТИ
- 26 август 2021, КАТЕГОРИЈА: Математички вештини, Математички игри Приказна за истражувањата на Маја и Тео - три трикови со карти, со кои сигурно ќе се забавувате и ќе ја истражите математичката позадина на триковите. повеќе... МЕТОД НА ОТСЕЧКИ - ПОСЛОЖЕНИ ЗАДАЧИ (2)
- 17 септември 2019, КАТЕГОРИЈА: Математички вештини Во овој втор дел од посложените задачи со метод на отсечки презентираме задачи со дел од цело и поспецифични задачи со мешани операции и дел од цело, како на пример, задачи во кои се работи со дел од остатокот. повеќе... ИГРИ СО ДРОПКИ
- 11 декември 2018, КАТЕГОРИЈА: Математички вештини, Математички игри Четири игри со допки: „Војна со дропки“, „Оро од дропки“, „Гаѓање со дропки во мета“ и „Трка со дропки до едно цело“, кои се играат со картички со дропки и со кои може да вежбате споредување на дропки, сведување на дропки на исти именители и сметање со дропки (собирање и одземање). Пријатна забава и учење! повеќе... МЕТОД НА ОТСЕЧКИ - ПОСЛОЖЕНИ ЗАДАЧИ (1)
- 26 септември 2018, КАТЕГОРИЈА: Математички вештини Со методот на отсечки секој ученик може да почувствува задоволство од сознанието дека знае да ги решава најтешките задачи во математиката - текстуалните задачи. Во овој текст, методот на отсечки го применуваме за решавање на задачите со множење, делење и мешани операции, во еден или повеќе чекори и со споредување на количини. повеќе... ВОВЕДУВАЊЕ НА ПОИМОТ ТЕОРЕМА
- 13 јуни 2018, КАТЕГОРИЈА: Математички вештини Теорема е тврдење кое може да се докаже или покаже дека е вистинито. Со покажувањето на точноста на една теорема, ние го проверуваме нашето резонирање и логика. Така, преку размислување за нештата околу нас, ние ја развиваме аналитичката мисла, а со „решавање на проблемите“ односно „докажувањето на теоремите“, ние ја развиваме логичката мисла. Исто така, неретко теоремите можат да се добијат и со индуктивен пристап, кој е погоден за разгледување кај учениците на раноучилишна возраст. повеќе... ВИЗУЕЛНО ПРОЦЕНУВАЊЕ
- 9 јануари 2018, КАТЕГОРИЈА: Математички вештини Проценувањето не секогаш е насочено само кон правење пресметки. Подеднакво важно е да бидеме способни да процениме колкав е бројот на предмети кои се во нашето видно поле, да ја процениме должината или големината на нешто. Запознајте се со начините за визуелно проценување, дознајте како да го примените методот на палец за да процените колку е автомобилот оддалечен од вас, колку е оддалечена куќата на вашето другарче кое живее отспротива, на која далечина се наоѓаат лулашките на игралиштето на крајот од улицата, и слично. повеќе... ШТО Е МАТЕМАТИЧКО МОДЕЛИРАЊЕ?
- 13 декември 2017, КАТЕГОРИЈА: Дали сте знаеле..., Математички вештини Во време кога почнавме повеќе да ги приметуваме и вреднуваме креативноста, критичкото размислување, способноста за решавање на проблеми, време е за математичкото моделирање, со кое овие вредности поинтезивно се практикуваат. Но, што е математичко моделирање? Како тоа може да ни помогне, на пример, да одлучиме колку јаболка треба едно семејство да понесе со себе на пикник? Или дали вреди да наполниме гориво во нашиот автомобил од подалечна бензиска станица, но по пониска цена? повеќе... ПРОЦЕНУВАЊЕ - ЗОШТО И КАКО ДО ДОБРИ ПРОЦЕНКИ
- 2 ноември 2017, КАТЕГОРИЈА: Математички вештини, Математички совети Што е проценување? Зошто е корисно да знаеме да проценуваме? Како да станеме добри во правењето на проценките? повеќе... ШАБЛОНИ И НИЗИ ОД БРОЕВИ
- 12 октомври 2017, КАТЕГОРИЈА: Загатки и хумор, Математички вештини Продолжувањата на шаблони или низи од броеви можеби и најмногу наликуваат на загатки, но тие ни помагаат и во усвојување на нови знаења, утврдување на веќе стекнатите знаења, со нив ги вежбаме предвидувачките способности, ја вежбаме интуицијата, ја откриваме функционалната зависност, и „потајно“ ја развиваме интелегенцијата. повеќе... 3 ИГРИ СО СОБИРАЊЕ И ОДЗЕМАЊЕ
- 4 октомври 2017, КАТЕГОРИЈА: Математички вештини, Математички игри Со овие три игри би внеле свежина во процесот на совладување на почетните сметачки вештини - собирање и одземање до 10. Пријатна забава и весело дружење додека ги чекорите првите чекори во светот на бројките! повеќе... МЕТОД НА ОТСЕЧКИ
- 30 август 2017, КАТЕГОРИЈА: Математички вештини Не на сите ученици „визуализацијата“ на количините при решавањето на текстуалните задачи, како и врските меѓу нив им е силна страна, па следствено имаат проблеми при составувањето на бројниот израз со кој треба да дојдат со одговорот. Методот на отсечки (некаде познат како Сингапурска математика) е сликовит пристап кон решавањето на текстуалните задачи, при кој задачите се моделираат со помош на отсечки (или правоаголници). Потоа, секако, следи составувањето на бројниот израз и негово решавање. Со овој метод може да се решаваат широк спектар на задачи, од најлесни до најтешки. повеќе... МАКЕДОНСКАТА АЗБУКА И МАТЕМАТИКАТА - ДЕФИНИРАЊЕ НА МАТЕМАТИЧКИ ПОИМИ
- 24 јануари 2017, КАТЕГОРИЈА: Математички вештини, Математички игри Умешноста добро да се дефинира одреден поим не е само литературна способност, туку и показател за тоа дали и колку темелно е усвоен математичкиот поим. Која е тајната на дефинирањето на математички поими и како може оваа вештина да се вежба? повеќе... МНОЖЕЊЕ СО МРЕЖА (двоцифрен со трицифрен број)
- 24 ноември 2016, КАТЕГОРИЈА: Математички вештини Како што множевме два двоцифрени броја со помош на мрежа, така сега ќе помножиме двоцифрен со трицифрен број со помош на мрежа. повеќе... МНОЖЕЊЕ СО МРЕЖА (двоцифрен со двоцифрен број)
- 10 ноември 2016, КАТЕГОРИЈА: Математички вештини Овде ќе прикажеме еден забавен и интерсен, а неверојатно брз начин за множење на повеќецифрени броеви со помош на мрежа. За да ја совладаме техниката, прво ќе почнеме со производ на два двоцифрени броја. повеќе... ЧЕТИРИБОЈНА ТЕОРЕМА
- 16 мај 2016, КАТЕГОРИЈА: Математички вештини Убавината на математиката е во тоа што сложените тврдења може да се поедностават и да се симнат на пониско ниво. На тој начин, децата имаат можност да се запознаат многу порано, преку едноставни примери и активности, со сложените математички концепти и да го вежбаат логичко-математичкото расудување. Таков е случајот со познатата Четирибојна теорема. повеќе... АПРИЛ 2016 - МЕСЕЦ НА ИДНИНАТА НА ПРЕДВИДУВАЊЕТО (ИГРА НА ПРЕДВИДУВАЊЕ СО КОЦКИ)
- 12 април 2016, КАТЕГОРИЈА: Математички вештини, Математички игри По повод месецот на математички основаните предвидувања (април 2016) ви предлагаме да ја погледнете Играта на предвидување со коцки, која може да се игра и на училиште и дома, може да се игра со целото оделение, во групи, по парови или индивидуално. Соодветна е за учениците од 1, 2 и 3 одделение, но и за повисоките одделенија. Се надеваме дека ќе им биде забавна на нашите најмали пријатели и ќе научат нешто повеќе за улогата на математката во предвидувањата. повеќе... |
Математика +Блог страница на Математика + наменета за децата, родителите и наставниците.
Категории |
Copyright © 2015 Математика +
|