ИГРИ: ПОДЕЛБА НА ФИГУРА И ИГРА НА БРОЕЊЕ (МАЈ 2016)
|
1. Игра со поделба на фигура на делчиња
Следната дисекција (поделба на фигура на делчиња) е позната како дисекција со зглобови (hinged dissection). Треба, без да се одвојуваат делчињата, од триаголник да се состави квадрат, па шестаголник и повторно триаголник. На нашите најмали пријателчиња сигурно би им било интересно да ја погледаат оваа анимација, а и воедно и би насетиле и некои својства за геометриските фигури. |
A потоа, дајте им лист хартија (со одредена геометриска форма по желба, квадрат, триаголник, ...) и ножички, нека ја исечат хартијата на делчиња (за почеток нека се тоа 5 делчиња), и од делчињата нека составуваат што е можно поразновидни форми (куќа, човек, ...). На крај нека се обидат да ја состават почетната геометриска форма.
Пријатна креативна забава!
2. Забавна игра на броење (буц - бррр)
Треба да се избројат броевите од 1 до 40, но на еден забавен начин. Изгледа лесно, но погледнете ги прво правилата. Правилата се да содржателите на бројот 5 се заменат со зборчето „буц“, а содржателите на бројот 7, со зборчето „бррр“. Содржателот на 5 и 7 треба да се замени со „буц-бррр“. Вака би требало да изгледа броењето следејќи ги овие правила:

1, 2, 3, 4, буц, 6, брр, 8, 9, буц, 11, 12, 13, брр, буц, 16, 17, 18, 19, буц, брр, 22, 23, 24, буц, 26, 27, брр, 29, буц, 31, 32, 33, 34, буц-брр, 36, 37, 38, 39, буц.
Математика +
Блог страница на Математика + наменета за децата, родителите и наставниците.
Категории
Copyright © 2015 Математика +
|