Загатки плус (1/5)
Логички загатки наменети за пошироката публика. Бројот на жолти ѕвездички ја одредува тежината на загатката.
Расположени сте за уште загатки?
Посетете ја блог категоријата Загатки и хумор. *) Рубриката ја уредува: Ирена Стојковска
|
<
>
Најмала вредност која може да се добие е (56 - 24) : (4 + 4) = 32 : 8 = 4, а најголемата вредност е 56 - (24 : 4) + 4 = 56 - 6 + 4 = 50 + 4 = 54, што е еднаква со вредноста на изразот и ако воопшто не се стават загради.
<
>
Ако размислуваме наназад, ќе заклучиме дека пред второто преместување на втората карта од лево, најлево, гледано од твоја страна, односно, гледано од страната на Јане, пред преместувањето на втората карта од десно, најдесно, редоследот на картите бил 5, 6, 8, 7, за да кога ќе се направи второто преместување, картите да бидат во растечки редослед, гледано од страната на Јане. Сега, да го откриеме и почетниот редослед на картите, пред првото преместување. Гледано од страната на Јане, првото преместување е преместување на втората карта од десно, најлево, па за да го добие редоследот 5, 6, 8, 7, пред првото преместување, редоследот на картите бил 6, 8, 5, 7.
<
>
Ако 10 мачки може да изедат 10 глувци за 10 минути, тоа значи дека 1 мачка може да изеде 1 глушец за 10 минути. Па за 100 минути, 1 мачка може да изеде 10 глувци. И тогаш, за 100 минути, 100 мачки може да изедат 100 · 10 = 1000 глувци.
<
>
Прво ќе го вклучиш првиот прекинувач, ќе почекаш една-две минути, ќе го исклучиш, па ќе го вклучиш вториот прекинувач. Потоа, ќе се симнеш во подрумот. Онаа сијалица која свети, се вклучува и исклучува од вториот прекинувач. Онаа слијалица која не свети, а е топла, се вклучува и исклучува од првиот прекинувач, а сијалицата која не свети и е ладна, се вклучува и исклучува од третиот прекинувач.
<
>
Максималниот број на жители е 999 и тие имаат 0, 1, 2, ..., 998 влакна на главата соодветно.
<
>
Б и Ѓ. Композицијата Ѓ е добиена од Б со завртување за 180 степени (половина круг).
<
>
Некои од начините се: 0 = 2 * 0 * 1 * 7 1 = 2 * 0 + 1 ^ 7 2 = 2 + 0 * 1 * 7 3 = 20 - 17 4 = - 2 + 0 - 1 + 7 5 = - 2 + 0 * 1 + 7 6 = 2 * 0 - 1 + 7 7 = 2 * 0 * 1 + 7 8 = 2 * 0 + 1 + 7 9 = 2 + 0 * 1 + 7 10 = 2 + 0 + 1 + 7
<
>
Санката на Дедо Мраз нема тркала. Одговорот е 0 (нула) тркала.
<
>
Единствени две места каде го има знакот мунус е во насловот на загатката во наводници т.е. „-“, но и најдолу во состав на интернет адресата www.matematika-plus.weebly.com.
<
>
Точен е првиот начин (резултат 4), затоа што операциите множење и делење се извршуваат редоследно онака како се дадени во изразот. |
Copyright © 2015 Математика +
|