Загатки плус (4/5)
Логички загатки наменети за пошироката публика. Бројот на жолти ѕвездички ја одредува тежината на загатката.
Расположени сте за уште загатки?
Посетете ја блог категоријата Загатки и хумор. *) Рубриката ја уредува: Ирена Стојковска
|
<
>
Оваа голема коцка е составена од целосно бели или целосно црни коцкички. Од колку целосно бели коцкички е составена големата коцка, ако се знае дека редовите/колоните во продолжение на видливите црни коцкички целосно се составени од црни коцкички и нема други црни коцкички во внатрешноста на големата коцка?
Објавена на Facebook: 20 март 2019, 3:05pm Црни коцкички има 92 (добиени со пребројување), па бројот на бели коцкички е 512 - 92 = 420.
<
>
Во даденото равенство премести една цифра за да добиеш точно равенство:
101 - 102 = 1
Објавена на Facebook: 6 октомври 2018, 8:47pm 101 - 10² = 1
<
>
Стефан и Марија сакале да си купат чоколадо по едно за секого. Но, на Стефан му недостасувале 5 денари, а на Марија ѝ недостасувале 55 денари. Чоколадите кои сакале да ги купат имале иста цена. Затоа, тие решиле да ги здружат парите за да си купат едно чоколадо за двајцата, по истата цена. Но, повторно им недостасувале 5 денари. Колку чини едно чоколадо?
Објавена на Facebook: 14 септември 2018, 2:39pm Бидејќи и по здружувањето на парите, повторно за едно чоколадо недостасувале 5 денари, значи дека Марија немала воопшто пари, па чоколадото чини онолку колку што на Марија и недостасувало да го купи, а тоа е 55 денари.
<
>
Ана вели „Биби лаже.“ Биби вели „Вале лаже.“ Вале вели „Ана и Биби лажат.“ Кој лаже?
Објавена на Facebook: 10 септември 2018, 11:22am Вале и Ана лажат. Имено, ако Вале ја зборува вистината, тогаш треба и Ана и Биби да лажат, значи изјавата на Ана не е точна, па треба Биби да ја зборува вистината, што не е можно, бидејќи според изјавата на Вале, Биби треба да лаже. Значи, Вале лаже. Бидејќи Вале лаже, тоа значи дека Ана ја зборува вистината или Биби ја зборува вистината. Ако Ана ја зборува вистината, тоа значи дека Биби лаже, односно Вале треба да ја зборува вистината, но веќе заклучивме дека Вале лаже. Значи, Ана лаже. Вале и Ана лажат, значи Биби ја зборува вистината.
<
>
Во едно училиште (во кое наставата се изведува на македонски јазик) има 1000 ученици. Докажи дека во училиштето постојат два ученика кои имаат исти иницијали на името и презимето. Колку најмалку ученици треба да има во училиштето за да со сигурност може да кажеме дека двата ученика кои имаат исти иницијали на името и презимето се од ист пол?
Објавена на Facebook: 29 мај 2018, 5:02pm Македонската азбука има 31 буква, па кандидати за иницијали и за името и за презимето се сите 31 буква, што значи дека постојат 31 · 31 = 961 различни комбинации на иницијали на име и презиме. Бидејќи во училиштето има 1000 ученици, и 1000 > 961, значи мора да има барем два ученика со исти иницијали на името и презимето. За да во училиштето со сигурност има барем два ученика од ист пол со исти иницијали на името и на презимето, во училиштето треба да има најмалку 2 · 31 · 31 + 1 = 1923 ученици.
<
>
Вметнете ги знаците + или - меѓу цифрите 1, 2, 3, 4, 5, 6, 7, 8, 9 кои треба да се по истиот тој редослед, за да добиете броен израз чија вредност е еднаква на 100. На пример, 1 + 2 + 34 – 5 + 67 – 8 + 9 = 100. Дали може да најдете друго решение?
Објавена на Facebook: 19 март 2018, 1:45pm Ова се сите можни одговори: 1 + 2 + 3 - 4 + 5 + 6 + 78 + 9 = 100 1 + 2 + 34 - 5 +67 - 8 + 9 = 100 1 + 23 - 4 + 5 + 6 + 78 - 9 = 100 1 + 23 - 4 + 56 + 7 + 8 + 9 = 100 12 + 3 + 4 + 5 - 6 - 7 + 89 = 100 12 + 3 – 4 + 5 + 67 + 8 + 9 = 100 12 - 3 - 4 + 5 - 6 + 7 + 89 = 100 123 + 4 – 5 + 67 – 89 = 100 123 + 45 – 67 + 8 – 9 = 100 123 – 4 – 5 – 6 – 7 + 8 – 9 = 100 123 – 45 – 67 + 89 = 100
<
>
Луѓето понекогаш кажуваат вистина, а понекогаш лага. Г-дин Абрамович е од оние луѓе кои во понеделник, вторник и среда лажат, а сите останати денови ја зборуваат вистината. Г-дин Богданов пак лаже во четврток, петок и сабота, а сите останати денови ја зборува вистината. Еден ден г-дин Абрамович и г-дин Богданов се сретнале.
Г-дин Абрамович: Вчера јас лажев! Г-дин Богданов: И јас исто така. Во кој ден од неделата тие ги дале овие изјави? Објавена на Facebook: 24 јануари 2018, 3:45pm Г-дин Абрамович и г-дин Богданов не може да ги дале изјавите во недела, кога и двајцата ја зборуваат вистината, бидејќи тоа би значело дека во сабота и двајцата лажат, но според условот во сабота само г-дин Богданов лаже. Значи дека, изјавите се дадени во ден кога едниот лаже, а другиот ја зборува вистината, и тоа е токму денот кога тој што до претходниот ден лажел, тој ден почнал да ја кажува вистината, и обратно, тој што ја зборувал вистината до претходниот ден, на денот на изјавите почнал да лаже. Па, денот на изјавите е четврток.
<
>
Објавена на Facebook: 10 јануари 2018, 3:45pm Дадената низа зборови, ако зборовите се читаат одзади, е низа од непарни броеви, почнувајќи од бројот еден. Напишани се првите пет непарни броеви, па низата треба да се продолжи со зборовите ТЕСЕАНИДЕ, ТЕСЕАНИРТ, ТЕСЕАНТЕП.
<
>
Објавена на Facebook: 28 декември 2017, 11:03am Одговорот е ПОДАРОК. Имено, применето е шифрирањето (Цезаровата шифра) А->0, Б->1, В->2 итн. За оваа шифра прочитајте повеќе во текстот Пишување тајни пораки.
<
>
Маја, Ива, Лина, Ева и Теа се пет другарки кои често го поминуваат времето заедно. Едно попладне сите отишле на гости кај Ева. Кога дошле родителите на Ева од работа ги затекле девојчињата како се забавуваат. Маја цртала цртеж, Ива играла шах, Лина свирела на гитара, а Теа разгледувала една книга. Што правела Ева?
Објавена на Facebook: 19 декември 2017, 12:30pm Ева играла шах со Ива. За таа игра се потребни двајца, а сите останати другарки веќе биле со нешто зафатени. |
Copyright © 2015 Математика +
|