ЛОГИЧКИ ЗАГАТКИ (втор дел)
|
1.
Во едно семејство имало повеќе деца. „Јас имам два пати повеќе браќа од сестри.“ - рекла една од сестрите. „А, јас имам исто толку браќа колку и сестри.“ - рекло едно од братчињата. Колку браќа, а колку сестри има во семејството? |
2.
Замисли си дека треба да влезеш во куќа без струја и имаш опција да влезеш или низ врата во просторија во која ќе те убијат на електричен стол или низ друга врата во просторија во која ќе те убијат со пиштол. Низ која врата ќе влезеш? |
Одговори на загатките (8 декември 2016)
1. Да ги означиме сестрите со розова боја, а браќата со сина боја. Тогаш, првите два графикона одговараат на изјавите на една од сестрите, и еден од браќата. Преминот од првиот во вториот графикон, ни покажува дека, кога ќе ја вратиме назад едната сестра во групата сестри, а од групата браќа извадиме еден брат (кој следен ја дава изјавата), тогаш добиваме дека половината од половината од браќата е еднакво на 1, што значи дека во семејството има 1 + 1 + 2 = 4 браќа, и 1 + 2 = 3 сестри.
2. За да се спасиш од сигурна смрт, ќе влезеш во просторијата со електричен стол, и бидејќи во куќата нема струја, ќе останеш жив.
3. За бараниот број имаме дека при делење со 2, со 3, со 4, со 5 и со 6, му недостасува да е за еден поголем за да нема остаток при делење со овие пет броја. Значи, неговиот следбеник е најмалиот природен број кој е делив со овие пет броја, а тоа е најмалиот број кој ги содржи овие броеви (како негови делители, а тој е нивен содржател), т.е. бројот 60. Бараниот број е неговиот претходник, т.е. бројот 59.
4. Дадената низа од букви е таква да буквите на непарните места се буквите од азбуката почнувајќи од втората буква, додека буквите на парните места се буквите од азбуката почнувајќи од првата буква. Така, следна буква во низата е буквата Д.
Автор: Ирена Стојковска

Математика +
Блог страница на Математика + наменета за децата, родителите и наставниците.
Категории
Copyright © 2015 Математика +
|