Задачи на месецот - Мај 2017
Решение (мај 2017):
Начинот на мерење ќе го прикажеме со помош на равенства, така да броевите на левата страна од равенството ќе ги означуваат масите на левиот тас од вагата, а броевите од десната страна на равенството ќе ги означуваат масите на десниот тас од вагата. Масие означени со број се теговите, а масите означени со „?“ се оние кои ги мериме. Така, - за да измериме маса од 1 kg теговите ги поставуваме на следниот начин 3 = 2 + ?, - за маса од 2 kg, на следниот начин 2 = ?, - за маса од 3 kg, на следниот начин 3 = ?, - за маса од 4 kg, на следниот начин 2 + 5 = 3 + ?, - за маса од 5 kg, на следниот начин 5 = ?, - за маса од 6 kg, на следниот начин 3 + 5 = 2 + ?, - за маса од 7 kg, на следниот начин 2 + 5 = ?, - за маса од 8 kg, на следниот начин 3 + 5 = ?, - за маса од 10 kg, на следниот начин 2 + 3 + 5 = ?. Маса од 9 kg мериме така што прво ќе измериме маса од 8 kg, па од 1 kg кои споени ќе резултираат со маса од 9 kg. |
Copyright © 2015 Математика +
|