НАЈГРАДОВИ ВО МАКЕДИНИЈА
|
Од најсеверен до најјужен град во Македонија |
Од најисточен до најзападен град во Македонија |
Крива Паланка 42°12′24″ СГШ |
Пехчево 22°53’20” ИГД |
Куманово 42°08′09″ СГШ |
Берово 22°51′28″ ИГД |
Кратово 42°04′00″ СГШ |
Делчево 22°46’30” ИГД |
Тетово 42°00′31″ СГШ |
Струмица 22°38'00″ ИГД |
Скопје 42° 00′ 00″ СГШ |
Македонска Каменица 22°35'31″ ИГД |
... |
... |
Струга 41°10’30” СГШ |
Кичево 20°58'12″ ИГД |
Гевгелија 41°08’30” СГШ |
Гостивар 20°54′51″ ИГД |
Охрид 41°06’50” СГШ |
Охрид 20°49’10” ИГД |
Ресен 41°05’20” СГШ |
Струга 20°40’40” ИГД |
Битола 41°01’45” СГШ |
Дебар 21°31’30” ИГД |
Интересно е да се напомене дека линијското (воздушно) растојание од Пехчево како најисточен до Дебар како најзападен град е точно 199 km, додека од Крива Паланка како најсеверен, до Битола како најјужен град е 155 km. Растојанието пак меѓу меридијаните, односно напоредниците на кои лежат овие градови (црвените линии на долната слика) е околу 195 km во должина и околу 130 km во ширина (пресметани со калкулаторот на следниот линк).
За малите:
Ниво 1: Кој е твојот роден град? Наброј кои други градови ги имаш посетено? Колку градови се тоа?
Ниво 2: Наум живее во Охрид, а Александар во Куманово. Кога Наум оди кај Александар на гости треба да ги помине Кичево, Гостивар, Тетово и Скопје. Меѓу секои два града на својот пат тој прави по една пауза од 5 минути. Колку вкупно време Наум поминува во правење на паузи, при патување од Охрид до Куманово?
За големите:
Ниво 1: Прво најди ги на картата на Македонија градовите: Скопје, Кичево, Охрид, Ресен, Битола и Велес. Ако патот од Скопје до Охрид (преку Кичево) е долг 173 km, а патот од Охрид до Ресен е долг 36 km. Патот од Скопје до Битола (преку Велес) е 174 km, а патот од Битола до Ресен е долг 34 km. Кој пат е пократок од Скопје до Ресен, тој преку Охрид или тој преку Битола?
Ниво 2: Прво најди ги на картата на Македонија градовите: Скопје, Велес и Кочани. Воздушното растојание меѓу Скопје и Велес е 42 km, а меѓу Велес и Кочани е 60 km. Дали може воздушното растојание меѓу Скопје и Кочани да е 120 km? Зошто?
Одговори:
За малите:
Ниво 1: На пример, Скопје. Ги имам посетено: Охрид, Струмица и Битола, значи имам посетено 3 други града.
Ниво 2: Патот на Наум води низ шест града, ако меѓу секои два града прави пауза, значи дека направил вкупно 5 паузи, секоја пауза по 5 минути, па во правење на паузи му поминуваат 5 · 5 = 25 минути.
За големите:
Ниво 1: Патот од Скопје до Ресен преку Кичево и Охрид е долг 173 + 36 = 209 km, а патот од Скопје до Ресен преку Велес и Битола е долг 174 + 34 = 208 km. Пократок е патот од Скопје до Ресен преку Велес и Битола, за 1 km.
Ниво 2: Бидејќи 42 + 60 = 102 < 120, тоа значи дека воздушното растојание меѓу Скопје и Кочани не може да биде 120 km. Имено, Скопје, Велес и Кочани формираат триаголник, па растојанието Скопје - Кочани, мора да е помало од збирот на растојанијата Скопје - Велес и Велес - Кочани, т.е. да е помало од 102 km.
(заб. Воздушното растојание Скопје - Кочани е 81 km.)
Автор: Ирена Стојковска
Сличен блог пост:
ЏУЏЕСТ МАРМАЗЕТ - НАЈМАЛОТО МАЈМУНЧЕ НА СВЕТОТ (Забавна математика)
Математика +
Блог страница на Математика + наменета за децата, родителите и наставниците.
Категории
Copyright © 2015 Математика +
|