Трето одделение - Тест 3(2)-1
Одговори на задачите од Тест 3(2)-1:
Задача 1. Зелената лента била најдолга пред сечењето, изнесувала 35 mm. Останатите ленти пред сечењето биле по 25 mm.
Задача 2. Ако 1-ви септември е во петок, тогаш првиот понеделник е на 4-ти септември, второт е на 11-ти септември, третиот е на 18-ти септември и четвртиот е на 25-ти септември. Значи, има 4 понеделници во септември.
Задача 3. Од 102 : 9 = 11 (ост. 3), имаме дека првите 11 дена Марија ќе чита по 9 страни на ден, и 12-тиот ден ќе ги прочита останатите 3 страни. Значи, Марија ќе ја прочита книгата за 12 дена.
Задача 4. По префрлањето на учениците, во училиштето на Матеј останале 4 × 34 - 7 = 136 - 7 = 129 ученици во трето одделение.
Задача 5. Од 8:00 претпладне до 2:00 попладне има 6 часа, а 15 мин. се една четвртинка од час. Затоа, хигиеничарката заработила 6 × 100 + 100 : 4 = 600 + 25 = 625 денари.
Задача 6.
а) 1, 10, 2, 9, 3, 8, 4, 7, 5, 6, 6
б) 1, 2, 2, 2, 3, 2, 4, 2, 5, 2, 6, 2, 7
в) 2, 1, 4, 3, 6, 5, 8, 7, 10, 9, 12
а) 1, 10, 2, 9, 3, 8, 4, 7, 5, 6, 6
б) 1, 2, 2, 2, 3, 2, 4, 2, 5, 2, 6, 2, 7
в) 2, 1, 4, 3, 6, 5, 8, 7, 10, 9, 12
Задача 7. На цртежот има 4 + 4 + 2 + 4 + 1 = 15 правоаголници.
Задача 9. Најлесно животно е прасето, а најтешко животно е биволот.
Задача 10. Во првата кутија има три еднаквобројни групи на топчиња, од кои една група се бели, а две групи се црни топчиња. Во втората кутија има четири еднаквобројни групи на топчиња од кои една група се бели, а три групи се црни топчиња. При тоа, бидејќи бројот на бели топчиња во првата кутија е еднаков на бројот на бели топчиња во втората кутија, значи дека групите во првата и втората кутија се сите еднаквобројни. Бидејќи, има вкупно 3 + 4 = 7 еднаквобројни групи, и бидејќи најмалиот содржател на 7 поголем од 20 е 21, значи дека во секоја група има по 21 : 7 = 3 топчиња, па во првата кутија има 3 × 3 = 9 топчиња, а во втората кутија има 4 × 3 = 12 топчиња.
*) Со кликање на задачата може да пристапиш повторно кон текстот на задачата.
**) Aвтор на задачите: Ирена Стојковска
**) Aвтор на задачите: Ирена Стојковска
Copyright © 2015 Математика +
|