Трето одделение - Тест 3(2)-4
Одговори на задачите од Тест 3(2)-4:
Задача 1. Од 13:15 до 18:30 часот има 5 часа и 15 минути, што значи вкупно 5 ∙ 60 + 15 = 315 минути.
Задача 2. Од тоа што x = 24, имаме:
Па, вкупната должина на отсечката е 8+12+18=38 единици.
Задача 3. Изразот може да се презапише како:
20 - 19 + 18 - 17 + 16 - 15 + ... + 4 - 3 + 2 - 1 = (20 - 19) + (18 - 17) + (16 - 15) + ... + (4 - 3) + (2 - 1).
Резултатот во секоја заграда е 1, па крајниот резултат е 10, бидејќи има 10 групи броеви во загради.

Задача 4. Гроздот може да се подели на следниов начин:
При што, секое од четирите деца ќе добие по 6 зрна грозје.
Задача 5. За 12 денари, Дамјан може да купи бонбони на следниве седум начини:
● 6 бонбони од по 2 денари,
● 4 бонбони од по 3 денари,
● 3 бонбони од по 4 денари,
● 2 бонбони од по 4 денари и 2 бонбони од по 2 денари
● 1 бонбона од 4 денари и 4 бонбони од по 2 денари,
● 2 бонбони од по 3 денари и 3 бонбони од по 2 денари,
● 1 бонбона од 4 денари, 2 бонбони од по 3 денари и 1 бонбона од 2 денари.

Задача 6. Бројот А е 9, бидејќи 9∙5=45. Една третина од 9 е 3, а две третини од 9 се 6.
Задача 7. Во периодот 3 - 7 ноември се запишале вкупно 5 ∙ 3 = 15 деца, а во периодот 8 - 30 ноември, се запишале вкупно 23 ∙ 2 = 46 нови деца. На крајот на ноември во клубот имало вкупно 44 + 15 + 46 = 105 деца.
Задача 8. Откако Јане го купил ранецот, му останале 1000 - 560 = 440 денари. Бидејќи му недостасувале уште 270 денари за да купи јакна, цената на јакната е 440 + 270 = 710 денари.
Задача 9. Кога Јана имала 7 години, 1 km изодувала за 40 минути (половина од времето за да изоди 2 km). Кога Јана имала 13 години, еден километар изодувала за 30 минути (четвртина од времето за изодување 4 km). Значи, Јана на 13 години, изодувала еден километар за 10 минути побрзо отколку на 7 години.
Задача 10. Бидејќи, 239 + 244 = 483, 567 - 189 = 378, 345 + 136 - 201 = 481 - 201 = 280, 6 ∙ 8 + 412 = 48 + 412 = 460, 911 - 556 = 355, добиените вредности подредени во опаѓачки редослед се 483, 460, 378, 355, 280, па дадените бројни изрази подредени се: 239 + 244, 6 ∙ 8 + 412, 567 - 189, 911 - 556, 345 + 136 - 201.
*) Со кликање на задачата може да пристапиш повторно кон текстот на задачата.
**) Aвтор на задачите: Елена Хаџиева
**) Aвтор на задачите: Елена Хаџиева
Copyright © 2015 Математика +
|