Математички приказни - „Волкот и седумте јариња“ (12/13)
Кога волкот се разбудил, бил многу жеден. Станал и се обидел да отиде до езерцето, но се чувствувал многу тежок.
„Што ли се случува со мојот стомак? Дали изедов премногу?“, си зборувал во себе волкот. Дошол некако до езерцето, се наведнал да се напие вода, и тешките камења го повлекле надолу во водата. „Помош! Помош!“, викал тој на сиот глас, а потоа и потонал.
|
Copyright © 2015 Математика +
|