Петто одделение - Тест 5(2)-1
Задача 6. Стефани наредила неколку коцки на масата, а потоа без да поместува ниедна од коцките ги обоила во розова боја како на сликата. Колку вкупно ѕидови на коцките останале необоени во розова боја?
Задача 7. Марко црта стрелки така да секоја следна стрелка е добиена од претходната со ротирање за 90º на десно. После секои три стрелки става кругче ○, а потоа продолжува со ротирањето. Дадени се првите 6 симболи во низата ↑→↓○←↑. Кој симбол е на 29-тото место во низата?
Задача 8. Седум другари имаат по еднаков број на џамлии секој. Вкупниот број џамлии е трицифрен број со 4 на местото од стотките и 2 на местото од единиците. Која цифра стои на местото од десетките?
Задача 9. Имаш еден син и еден жолт жетон. На колку начини може да ги поставиш жетоните во дадената квадртатна мрежа, така да еден жетон да е во едно поле и синиот жетон да е во еден ред погоре од жолтиот (не задолжително веднаш над жолтиот жетон).
Задача 10. Најди го најмалиот природен број кој има збир на цифри 100.
Copyright © 2015 Математика +
|