ЗАГАТКИ И ХУМОР (СЕПТЕМВРИ 2016)
|
1.
Како може да го добиеш бројот 100 од цифрите 1, 7, 7, 7 и 7 (една 1-ца и четири 7-ци)? Може да ги користиш четирите основни операции +, -, ×, : и загради (). |
2.
Еден човек го прашале за неговиот роденден, а тој одговорил „Еден ден пред вчерашниот ден имав 25 години, а следната година ќе полнам 28. Кога му е роденденот на човекот? |
3.
Еден фармер откако ги обрал јаболките и крушите ги сместил во три кошници така што во една кошница ставил само јаболка, во друга само круши, а во трета и јаболка и круши. Подготвил три налепници со натписи „јаболка“, „круши“ и „јаболка и круши“, но при лепењето на налепниците на кошниците ниедна налепница не ја залепил правилно. Како може фармерот со земање на само една овошка од една кошница да го одреди составот на секоја од кошниците?

4.
Еден татко го однел во болница својот син кој штотуку се набодел на шајка на ногата. Кога дошол хирургот го видел детето и изјавил „Јас не можам да го оперирам ова дете, тој ми е син!“ Кое е објаснувањето? Што се случува тука? |
5.
Двајца татковци секој со својот син тргнале заедно на пазар. Секој татко и секој син купиле по едно јаболко. Тие по пат ниту изеле јаболко, ниту изгубиле, ниту фрлиле, но кога дошле дома имале само 3 јаболка. Како е можно тоа? |
Хумор
Одговори на загатките
1. Еве некои од начините:
а) 177 - 77 = 100
б) (1 / 7 + 7) × (7 + 7) = 100
2. Човекот е роден на 31 декември, а изјавата ја дава на 1 јануари.
3. Фармерот треба да земе една овошка од кошницата на која пишува „јаболка и круши“. Ако овошката е јаболко, тогаш во таа кошница има само јаболка, и бидејќи никоја кошница не е правилно означена, во кошницата на која пишува „круши“ има јаболка и круши, а во кошницата на која пишува „јаболка“ има круши. Ако земената овошка е круша, тогаш во кошницата на која пишува „јаболка и круши“ има само круши, во кошницата на која пишува „јаболка“ има јаболка и круши, а во кошницата на која пишува „круши“ има јаболка.
4. Хирургот бил жена и мајка на детето.
5. Биле тројца: дедо, син и внук (двајца од нив се татковци, и двајца се синови).

Математика +
Блог страница на Математика + наменета за децата, родителите и наставниците.
Категории
Copyright © 2015 Математика +
|