ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ИНТЕРЕСОТ ЗА МАТЕМАТИКА СО ВИДЕО ЛЕКЦИИ
|
• за повторување на веќе научениот материјал,
• за учење на нова наставна содржина. |
Доколку е употребена за повторување на изучена наставна содржина видео лекцијата им помага на учениците да ги повторат и потврдат стекнатите знаења со цел истите да ги применат во новата наставна единица.
Ако видео лекцијата е употребена за учење на нови наставни содржина таа може да биде применета на повеќе начини: на час или дома.
Доколку видеото се користи на час, овозможува повеќе време за индивидуална работа со учениците кои имаат потешкотии во совладувањето на наставната содржина. При реализација на час со видео содржина училницата за кратко време се претвара во работилница во која главни актери се учениците. Секако, доколку видеото било насочено кон совладување на нова содржина наставникот треба да располага со доволно работни материјали како поткрепа на наученото од видеото и негова имплементација во пракса. Видеата, исто така, треба да се прилагодени на возраста на учениците и доволно интересни да ја предизвикаат нивната љубопитност. Видео лекцијата на која и соодветствува наставен лист за решавање, може да биде начин на учење на наставниот материјал за време на часот или дома.
Доколку учениците ја гледаат видео лекцијата дома тогаш може да се примени концептот на таканаречената превртена училница (flipped classroom). Превртена (неконвенцијална) училница е педагошки модел во кој предавањата и домашната работа се превртени. Дома се совладува новиот материјал, а на училиште се повторува. Основата на превртената училница произлегува од такви концепти какви што се: активно учење, учество на учениците, хибридни часови и сл. Овој концепт на превртена училница, може да биде применет и на самиот час во кој учениците прво ги гледаат лекциите, а потоа донесуваат заклучоци и ги применуваат иститите во задачи.

Да резимираме. Предностите од учењето преку видео лекции се:
• самостојно учење,
• учење со индивидуално темпо, • можност за навраќање на одредени делови од лекцијата со цел нивно разјаснување, • учениците можат активно да учествуваат, да ги тестираат своите способности и да ги применуваат во активна настава. |
Недостатоци на овој вид на учење се следниве:
• може да се случи видео снимката да е со слаб квалитет,
• не секој ученик има можност да го изгледа видеото во својот дом (доколку се примува превртена училница) или нема да го изгледа со полно внимание, • при овој вид на самостојно учење преку видео лекции, го нема асистирањето на наставникот кој на учениците им дава насоки на размислување, • доколку сами гледаат, учениците немаат можност за добивање на одговори на прашања. |
Но, ако се знае дека наставникот во училницата е водич кој треба да ги координира активностите на часот и дека од него зависи целокупната атмосфера во училницата во која се соочува со ученици од едно ново време - време на технологијата, тогаш заклучокот е дека видео лекциите неоспорно ќе станат неизбежен дел од добрата наставна практика.
Од уредниците на Математика +: Во рубриката Од наставата може да најдете повеќе видео лекции во кои се воведуваат нови математички концепти или се повторуваат и утврдуваат веќе изучените.
Автори: Снежана Златковска и Адријана Тодорова
Сличен блог пост:
УЧИМЕ МАТЕМАТИКА СО МАТЕМАТИЧКИ ПРИКАЗНИ (Математички совети)
Математика +
Блог страница на Математика + наменета за децата, родителите и наставниците.
Категории
Copyright © 2015 Математика +
|