Задачи на неделата - 19 февруари 2022
Еднаш неделно објавуваме нова задача на неделата на почетната страница, а нејзиното решение го даваме заедно со задачата за следната недела.
*) Aвтор на задачите: Ирена Стојковска
|
<
>
Нека штурчето скока по бројна права. На почетокот тој се наоѓа во 0. По првиот скок тој е во 1. По вториот скок тој е во 4 или – 2. По третиот скок тој е во 9, – 1, 3 или – 7 итн. Значи, после парен број скокови, штурчето застанува на парен број (се собираат или одземаат парен број на непарни броеви), а после непарен број скокови застанува на непарен број (се собираат или одземаат непарен број на непарни броеви). На 25-тиот скок штурчето ќе стапне на непарен број, значи не може да се врати на почетната точка (0). |
Copyright © 2015 Математика +
|