КАКО ДЕТЕТО (ПОВТОРНО) ДА ЈА ЗАСАКА МАТЕМАТИКАТА?
|
Џиновска секвоја.
Џиновските секвои се најголемите дрва во светот и воопшто најголемите живи суштества на днешнината. Обично, нивното стебло е високо од 50 до 85 метри и дебело од 6 до 8 метри. Највисоката измерена џиновска секвоја била висока околу 94 метри, или приближно колку една зграда со 30 спрата. Нивната природна распространетост е ограничена на западниот дел од планинаската област Сиера Невада во државата Калифорнија во состав на Соединетите Американски Држави. Интересен е податокот дека и покрај тоа што од едно дрво на џиновска секвоја може да се изградат 120 дрвени куќи со просечна големина, сепак таа не се користи за градба, главно заради лошиот квалитет. Па затоа, џиновската секвоја најмногу се користи за столбчиња за огради и за кибритни чкорчиња. |
Откако ќе им го прочитате текстот за џиновската секвоја, во зависност од возраста на детето и нивото на неговите дотогашни математички знаења и вештини, поставете му некое од следните прашања (може и повеќе или сите).
За малите:
Ниво 1: На која геометриска форма ви наликува стеблото на едно дрво? А на која геометриска форма наликува крошната (гранките со листовите)?
Ниво 2: Две деца трчаат вкупно два круга околу дебелото стебло на џиновската секвоја за две минути. Колку вкупно круга околу стеблото на џиновската секвоја ќе истрчаат четири деца за четири минути?
За големите:
Ниво 1: Највисоката жива џиновска секвоја е висока околу 87 метри. Ако една брза мравка се искачува 4 метри за време од една минута, за колку време ќе ги помине првите 40 метри? Приближно колку време ќе и треба на мравката да се качи од подножјето до врвот на џиновската секвоја?
Ниво 2: Од едно дрво џиновска секвоја може да се изградат 5 брода, 7 јахти и 12 чамчиња. Колку брода, јахти и чамчиња може да се изградат од 4 џиновски секвои? Ако од една јахта може да се направат 10 чамчиња, а од еден брод може да се направат 5 јахти, колку најмалку џиновски секвои се потребни за да може да се изградат 33 брода?
Оставете им доволно време на децата да размислат. Ако оваа активност ја реализирате со група од ученици, може да има и натпреварувачки карактер, кој побрзо ќе дојде до точниот одговор. На крајот дозволете им и самите да смислат забавни математички проблеми поврзани со џиновската секвоја.
Одговори:
За малите:
Ниво 1: Стеблото наликува на правоаголник, а крошната на круг или на елипса (овал).
Ниво 2: Четири деца за четири минути ќе истрчаат вкупно 8 круга. (Едно дете трча еден круг за две минути.)
За големите:
Ниво1: Првите 40 метри мравката ќе ги помине за 10 минути, што значи дека за да се качи од подножјето до врвот на џиновската секвоја потребни ќе ѝ се приближно 22 минути, ако одговорот го заокружиме на најблиската минута.
Ниво 2: Со 4 џиновски секвои може да се изградат 20 брода, 28 јахти и 48 чамчиња. Потребни се најмалку 5 џиновски секвои за да се изградат 33 брода.
Дополнето: Уште текстови придружени со задачи, може да најдете во блог категоријата Забавна математика.
4. Математиката е реална
Покажете дека математиката е корисна, дека е дел од реалниот свет. Со помош на математиката ги сметаме парите, го мериме времето, должината. Ако колачињата кои се печат во рерната треба да се печат 20 минути, а вие сте ги ставиле во 18 часот и 47 минути, дозволете му на детето самото да пресмета кога треба да ја исклучите рерната за да не изгорат колачињата. Поттикнувајте го детето да ги решава секојдневните математички проблеми и надвор од училиштето. Побарајте од големите деца да ја пресметаат новата намалена цена кога купувате намирници или кога купивате играчки. Предочете им дека современата технологија како таблетите, паметните телефони, интернетот, Facebook, се измислени од инженери со солидни математички знаења. На овој начин може да ја зголемите мотивираноста за математиката, па може да се случи детето да одбере и некоја математичка професија за своја животна професија.
Дополнето: Во блог категоријата Дали сте знаеле... ќе најдете математички текстови со впечатливи несекојдневни содржини, во кои се отсликува реалната природа на математиката, нејзината примена и безвременост.

5. Прилагодете ги активностите
Доколку детето има пред себе задача која е прилагодена на неговите дотогашни знаења и вештини, и потребно му е малку да се потруди за да ја реши, но сепак може да ја реши, ваквиот успех и сознанието дека успеало да ја реши задачата, не само што ја зголемува самодовербата, туку ја зголемува и мотивацијата за учење математика. Откријте, што најдобро знае, вежбајте го тоа, а внимателно и постепено, воведувајте ги за него доволно непознатите концепти. Поставувајте секогаш цели, кои се доволно предизвикувачки и кои детето може да ги достигне. На овој начин, многу деца ѝ се вратиле на математиката, откако го изгубиле интересот за математика.
6. Демонстрирајте љубов кон математиката
Децата во секој чекор се обидуваат да ги следат родителите. Ако родителот ја сака математиката, и тоа го покажува, неизбежно е и детето да развие љубов кон математиката. Љубовта кон математиката може да ја демонстрирате на најразлични начини, играчки со бројки за најмалите, коцки за составување и развивање на креативноста, вметнување на математиката во секојдневните активности (видете ја третата потточка за тоа како математиката може да биде забавна), заедничко играње на математичките игри. И најважно, вашите негативни искуства со математиката, кога сте биле деца, заборавете ги, а уште помалку не ги раскажувајте, постои опасност да им ја пренесете анксиозноста.

7. Учете и вие математика
Сега имате втора шанса да ја засакате повторно и вие математиката, доколку ви се случило некаде во текот на животот да изгубите интерес за неа. Барајќи интересни и прилагодени активности за децата, барате и за себе. Но, може и треба, секој пат да одите и чекор понапред во математичката наобразба, надоградувајќи ги сопствените математички вештини. Пополнете ги „празнините“, продлабочете ги и зацврстете ги знаењата. На тој начин му помагате и на детето. Само ако поседувате математички знаења, ќе може да ги пренесете. Децата заслужуваат да ја сакаат математиката. ТАА (математиката) заслужува да ја сакаме и почитуваме.
Автор: Ирена Стојковска
Сличен блог пост:
МАТЕМАТИКА ВО ПРИРОДА (Математички совети)

Математика +
Блог страница на Математика + наменета за децата, родителите и наставниците.
Категории
Copyright © 2015 Математика +
|