Задачи на месецот - Март 2016
Решение (март 2016):
Првата чешма ќе испушти капка во 4-тата, 8-мата, 12-тата, 16-тата, 20-тата, итн. секунда сметајќи од моментот кога двете чешми испуштиле истовремено капка. Додека пак, втората чешма ќе испушти капка во 6-тата, 12-тата, 18-тата, итн. секунда. Значи, по 12 секунди од моментот кога чешмите испуштиле истовремено капка, повторно ќе испуштат истовремено капка по прв пат. Но, истовременото испуштање на капка ќе се случи и во 24-тата, 36-тата, 48-мата и 60-тата секунда. Значи, за време од една минута (60 секунди), чешмите 5 пати истовремено ќе испуштат капка, не сметајќи го истовременото испуштање на капка во почетниот момент. Па, за време од 1 минута, чешмите ќе испуштат вкупно 60 : 4 + 60 : 6 = 15 + 10 = 25 капки, не сметајќи ги капките во почетниот момент. |
Copyright © 2015 Математика +
|