ЏИНОВСКА СЕКВОЈА
|
Џиновска секвоја.
Џиновските секвои се најголемите дрва во светот и воопшто најголемите живи суштества на днешнината. Обично, нивното стебло е високо од 50 до 85 метри и дебело од 6 до 8 метри. Највисоката измерена џиновска секвоја била висока околу 94 метри, или приближно колку една зграда со 30 спрата. Нивната природна распространетост е ограничена на западниот дел од планинаската област Сиера Невада во државата Калифорнија во состав на Соединетите Американски Држави. Интересен е податокот дека и покрај тоа што од едно дрво на џиновска секвоја може да се изградат 120 дрвени куќи со просечна големина, сепак таа не се користи за градба, главно заради лошиот квалитет. Па затоа, џиновската секвоја најмногу се користи за столбчиња за огради и за кибритни чкорчиња. |
Откако ќе им го прочитате текстот за џиновската секвоја, во зависност од возраста на детето и нивото на неговите дотогашни математички знаења и вештини, поставете му некое од следните прашања (може и повеќе или сите).
За малите:
Ниво 1: На која геометриска форма ви наликува стеблото на едно дрво? А на која геометриска форма наликува крошната (гранките со листовите)?
Ниво 2: Две деца трчаат вкупно два круга околу дебелото стебло на џиновската секвоја за две минути. Колку вкупно круга околу стеблото на џиновската секвоја ќе истрчаат четири деца за четири минути?
За големите:
Ниво 1: Највисоката жива џиновска секвоја е висока околу 87 метри. Ако една брза мравка се искачува 4 метри за време од една минута, за колку време ќе ги помине првите 40 метри? Приближно колку време ќе и треба на мравката да се качи од подножјето до врвот на џиновската секвоја?
Ниво 2: Од едно дрво џиновска секвоја може да се изградат 5 брода, 7 јахти и 12 чамчиња. Колку брода, јахти и чамчиња може да се изградат од 4 џиновски секвои? Ако од една јахта може да се направат 10 чамчиња, а од еден брод може да се направат 5 јахти, колку најмалку џиновски секвои се потребни за да може да се изградат 33 брода?
Оставете им доволно време на децата да размислат. Ако оваа активност ја реализирате со група од ученици, може да има и натпреварувачки карактер, кој побрзо ќе дојде до точниот одговор. На крајот дозволете им и самите да смислат забавни математички проблеми поврзани со џиновската секвоја.
Одговори:
За малите:
Ниво 1: Стеблото наликува на правоаголник, а крошната на круг или на елипса (овал).
Ниво 2: Четири деца за четири минути ќе истрчаат вкупно 8 круга. (Едно дете трча еден круг за две минути.)
За големите:
Ниво1: Првите 40 метри мравката ќе ги помине за 10 минути, што значи дека за да се качи од подножјето до врвот на џиновската секвоја потребни ќе ѝ се приближно 22 минути, ако одговорот го заокружиме на најблиската минута.
Ниво 2: Со 4 џиновски секвои може да се изградат 20 брода, 28 јахти и 48 чамчиња. Потребни се најмалку 5 џиновски секвои за да се изградат 33 брода.

Автор: Ирена Стојковска
Извадок од:
КАКО ДЕТЕТО (ПОВТОРНО) ДА ЈА ЗАСАКА МАТЕМАТИКАТА? (Математички вештини)
Математика +
Блог страница на Математика + наменета за децата, родителите и наставниците.
Категории
Copyright © 2015 Математика +
|