Мисли вредни да се замислиш ...
Математиката не е машина со која се пишуваат дефиниции, теореми и докази, и се даваат примери. Таа е многу поинтересна од тоа. - Karen Uhlenbeck, првата жена добитник на Абелова награда (2019).
Математиката не е спорт за набљудување. Не е само знаење, не е само симболи на хартија. Таа нешто со што може да си играш, нешто што може да го правиш. - Кит Девлин
Не можеме да се надеваме дека многу од децата ќе научат математика, ако самите ние не најдеме начин да го споделиме со нив нашето задоволство (од математиката), да им ја предочиме нејзината убавина и корисност. - Mary Beth Ruskai
Децата треба да прават тоа што го прават вистинските математичари - истражуваат и откриваат целиот свој живот. - Susan Ohanian
Не верувам дека секој треба да стане математичар, но верувам дека многу ученици не и' даваат вистински шанси на математиката. Без возбудувања во математиката, таа може да изгледа бесмислена и ладна. Математиката својата убавина им ја открива само на нејзините најстрпливи следбници. - Maryam Mirzakhani
Не постои ниеден дел од науките каде ниедна од математичките дисциплини не може да се примени, или кој не е во релација со ниедна математичка област. - Леонардо да Винчи
Ако децата не можат да научат на начинот на кој подучуваме, можеби треба да подучуваме на начин на кој тие учат. - Ignacio Estrada
Законите на природата, не се ништо друго, туку математичките мисли на Господ. - Евклид
Сакам да се движам меѓу сликари, математичари и психолози, луѓе кои може да ми кажат нешто. - George Woodcock
Секое дете е различен вид на цвеќе. Сите тие заедно го прават светот да биде една прекрасна градина. - Анонимен
Иднината на светот е во мојата училница денес. - Ivan Welton Fitzwater
Капацитетот за учење е дарба, можноста за учење е вештина, желбата за учење е избор. - Brian Herbert
Многу често, учениците кои се обидувате да ги инспирирате, се оние кои на крајот вас ќе ве инспирираат. - Sean Junkins
Математиката не познава ниту расни ниту географски граници; за математиката, културниот свет е една држава. - Давид Хилберт
Корените на образованието се горчливи, но плодовите се слатки. - Аристотел
Едно дете, еден наставник, една книга и едно пенкало, може да го сменат светот. - Malala Yousafzai
МАТЕМАТИКАТА ја користиме како алатка за разбирање на светот околу нас. МАТЕМАТИКАТА ни треба за да го сфатиме значењето на настаните и нивните токови, да ги согледаме случувањата кои и не се така очигледни. МАТЕМАТИКАТА НИ ПОМАГА ДА ОДИМЕ ВО ДЛАБОЧИНИТЕ НА НЕШТАТА. - Paul Reimer
Кажи ми, и јас ќе заборавам. Подучи ме, и јас ќе запомнам. Вклучи ме, и јас ќе научам. - Бенџамин Франклин
За децата опремени со математички вештини, не постојат ограничувања во тоа што го работат, бидејќи за математичарот „секојдневниот живот“ е само специјален случај. - Анонимен
Човекот кој ја игнорира математиката, има зголемено ограничени сфаќања за движечките сили на цивилизацијата. - John Kemeny
Не постои крај на образованието. Не значи дека ако си прочитал книга, ако си положил испит, дека си завршил со образованието. Целиот живот, од моментот кога си роден, се додека не умреш, е процес на учење. - Jiddu Krishnamurti
Математиката е една од најимагинативните науки. Наука за перспективата и способноста да ја менуваме перспективата. - Roger Antonsen
Математиката е уметност на именување на различни нешта со исто име. - Хенри Поанкаре
Правило во математиката: Ако ти оди лесно, тогаш нешто не работиш како треба. - Анонимен
Имагинацијата е поважна од знаењето. - Алберт Ајншајн
Математиката гледана на вистинскиот начин, не само што поседува вистина, туку и врвна убавина. - Бертранд Расел
Во науките не е толку важно дали ќе откриеш нови факти, поважно е да откриеш нови начини на кои ќе размислуваш за фактите. - William Lawrence Bragg
Не постои нешто такво како досадна математика. - Edsger Dijkstra
Математиката е најубавата и најмоќната креација на човечкиот дух. - Стефан Банах
Подучувањето (држењето настава) не е сервис, ниту професија, ни пак работа. Тоа е стожер на општеството. - Анонимен
Секој ученик може да научи, само можеби не во ист ден и не на ист начин. - Џорџ Еванс
Образованието е тоа што ќе му остане некому, ако заборави се' што учел на училиште. - Алберт Ајнштајн
Целта на образованието е да го замени празниот ум со отворен ум. - Malcolm Forbes
Животот е добар само за две нешта: проучување на математиката и подучување математика. - Симеон Поасон
Децата се одлични имитатори. Затоа, понудете им одлични нешта за имитирање. - Анонимен
Темелот на секоја држава е образованието на младите во државата. - Диоген
Убавината на учењето е во тоа што никој не може да ти го земе. - Б. Б. Кинг
Образованието не е учење на факти, туку тренирање на умот. - Алберт Ајнштајн
Единствениот начин да научиш математика е да вежбаш математика. - Paul Halmos
Наставниците кои сакаат да подучуваат, ги учат децата да го сакаат учењето. - Анонимен
Образованието не е подготовка за животот, образованието е самиот живот. - John Dewey
Суштината на математиката не е простите нешта да се направат сложени, туку сложените нешта да се упростат. - Stanley Gudder
Не грижете се за вашите потешкотии со математиката. Ве уверувам дека моите се уште поголеми. - Алберт Ајнштајн
Ако сум повторно на почетокот на моите студии, би го послушал советот на Платон и прво би учел математика. - Галилео Галилеј
Совршените броеви, како и совршените луѓе се многу ретки. - Рене Декарт
(Еден број е совршен, ако е еднаков на збирот од своите делители помали од него. Првите два совршени броеви се 6 и 28, затоа што 6 = 1 + 2 + 3 и 28 = 1 + 2 + 4 + 7 + 14. Следните два совршени броеви се 496 и 8128.)
Големата книга на природата може да ја прочитаат само оние што го знаат јазикот на кој таа е напишана. А тој јазик е математиката. - Галилео Галилеј
Математичар е слеп човек во темна соба кој бара црна мачка која не е таму. - Чарлс Дарвин
Ако луѓето не веруваат дека математиката е едноставна, тоа е само затоа што тие не разбираат колку животот е комплициран. - Џон Фон Нојман
Ако се чувствувам несреќно, се занимавам со математика за да станам среќен. Ако сум среќен, се занимавам со математика за да останам среќен. - Алфред Рењи
Денес температурата надвор е нула степени, а прогнозата за утрешниот ден е дека ќе биде два пати постуден од денешниот. Колкава температура да очекуваме утре? - Стивен Врајт
Верувам дека пет луѓе од четворица имаат проблеми со дропките. - Стивен Врајт
Образованието е најмоќното орудие со кое може да го смениш светот. - Нелсон Мендела
Секој е гениј, но доколку ја вреднуваш рибата по нејзината способност да се искачи на дрво, тој гениј ќе го живее целиот свој живот верувајќи дека е глупав. - Алберт Ајнштајн
Децата треба да се учат како да размислуваат, а не што да размислуваат. - Маргарет Мид
Дете без образование е како птица без крилја. - Тибетантска поговорка
Ученикот не е лонец што треба да се наполни, туку факел што треба да се запали. - стара мудра изрека
Copyright © 2015 Математика +
|