БлогНа страниците на овој блог ќе најдете математички текстови и статии со едукативни, поучни и забавни содржини, совети за родителите, математички текстови за стручна дообука на наставниците, но и математички игри, загатки и хумор за сите генерации. Може да ги пребарувате сите текстови, а може да одберете да пребарувате една од категориите.
Математиката може секој да ја засака! Уверете се! БРОЈЛЕ
- 3 февруари 2022, КАТЕГОРИЈА: Математички игри Испирирани од светската игра Wordle и нејзиниот македонски клон Зборле, создадовме наша математичка верзија на играта наречена Бројле. Бројле наместо букви користи цифри (од 0 до 9) и има повеќе поставувања: може да изберете да погодувате 3, 4 или 5-цифрен број и за секој ваков избор, може да изберете да дозволите или не повторување на цифрите во бројот. повеќе... КЕНКЕН
- 31 јануари 2022, КАТЕГОРИЈА: Математички игри КенКен (КенДоку) е логичка игра која ја создал јапонскиот професор по математика, Tetsuya Miyamoto во 2003 година. Неговата цел била да им зададе игра на учениците која ќе го активира и развива нивниот мозок преку самостојно вежбање. На јапонски јазик, играта се нарекува Kashikoku-Naru-Puzzle, што значи „сложувалка која те прави попаметен“. повеќе... МАГМАТИЧАРИ - ИСТРАЖУВАЧИ И ТРИКОВИ СО КАРТИ
- 26 август 2021, КАТЕГОРИЈА: Математички вештини, Математички игри Приказна за истражувањата на Маја и Тео - три трикови со карти, со кои сигурно ќе се забавувате и ќе ја истражите математичката позадина на триковите. повеќе... КАКО ДА ПРЕВИТКАТЕ ТРЕТИНКА ОД ЛИСТ ХАРТИЈА
- 3 јуни 2021, КАТЕГОРИЈА: Дали сте знаеле... Сите знаеме како да превиткаме лист хартија на половина. Но, дали знаете како може да превиткате третинка или петтинка или седминка од еден лист хартија? Постапката е многу едноставна, а воедно претставува и интересна примена на Питагоровата теорема и сличноста на триаголници. повеќе... КАКО МАИТЕ ПРАВЕЛЕ ПРАВ АГОЛ
- 12 септември 2020, КАТЕГОРИЈА: Дали сте знаеле... Маите се американски староседелски народ најмногу познат по своите монументални градби за време на класичниот период на Маите (250-900 година). Се смета дека Маите користеле многу геометриски пресметки при градењето на градбите. Познати се и по техниката на формирање прав агол т.е. агол од 90º. повеќе... ЗАГАТКИ СО ЧКОРЧИЊА
- 27 август 2020, КАТЕГОРИЈА: Загатки и хумор Нема ништо поубаво кога под рака ќе ви дојде некоја многу стара, умна и забавна книга. Во овој случај тоа беше книгата на Игнатьев, В царстве смекалки (1978). Успеавме со неа квалитетно да пополниме неколку денови кога бевме принудени да седиме по дома. За почеток, ви издвоивме неколку загатки со чкорчиња. Нашиот придонес е цртањето на чкорчињата. повеќе... МЕТОД НА ОТСЕЧКИ - ПОСЛОЖЕНИ ЗАДАЧИ (2)
- 17 септември 2019, КАТЕГОРИЈА: Математички вештини Во овој втор дел од посложените задачи со метод на отсечки презентираме задачи со дел од цело и поспецифични задачи со мешани операции и дел од цело, како на пример, задачи во кои се работи со дел од остатокот. повеќе... ЧИТАЊЕ НА МИСЛИТЕ
- 11 јануари 2019, КАТЕГОРИЈА: Загатки и хумор Математички трик со кој ќе ги воодушевите вашите пријатели. Потребни ви се само лист хартија и пенкало. Кажете му на пријателот дека може да го предвидите збирот на броевите кој тој ќе ги одбере, уште пред да го направи изборот на броевите. повеќе... КАКВА ВРСКА ИМА ПАСКАЛОВИОТ ТРИАГОЛНИК СО НОВА ГОДИНА
- 24 декември 2018, КАТЕГОРИЈА: Дали сте знаеле... Паскаловиот триаголник е еден од најмистериозните триаголници во математиката. Тој во себе крие многу „тајни“ шеми на броеви, како на пример, природните броеви, потоа триаголните, квадратните, шестаголните, тетраедарските и фибоначиевите броеви, исто така и степените на бројот 2, степените на бројот 11 итн. Во продолжение ќе ви откриеме некои Божиќни и Новогодишни мотиви кои се кријат во Паскаловиот триаголник. повеќе... ИГРИ СО ДРОПКИ
- 11 декември 2018, КАТЕГОРИЈА: Математички вештини, Математички игри Четири игри со допки: „Војна со дропки“, „Оро од дропки“, „Гаѓање со дропки во мета“ и „Трка со дропки до едно цело“, кои се играат со картички со дропки и со кои може да вежбате споредување на дропки, сведување на дропки на исти именители и сметање со дропки (собирање и одземање). Пријатна забава и учење! повеќе... МЕТОД НА ОТСЕЧКИ - ПОСЛОЖЕНИ ЗАДАЧИ (1)
- 26 септември 2018, КАТЕГОРИЈА: Математички вештини Со методот на отсечки секој ученик може да почувствува задоволство од сознанието дека знае да ги решава најтешките задачи во математиката - текстуалните задачи. Во овој текст, методот на отсечки го применуваме за решавање на задачите со множење, делење и мешани операции, во еден или повеќе чекори и со споредување на количини. повеќе... МАТЕМАТИЧКИ ЗАГАТКИ - ЛЕТО 2018
- 3 септември 2018, КАТЕГОРИЈА: Загатки и хумор Оние кои пропуштија некои од математичките загатки кои ги објавувавме во текот на летото 2018, тука ќе може да ги најдат сите 28 загатки на едно место. Наставниците ќе знаат да искористат голем дел од овие загатки (оние полесните) како активности за „загревање“ на почетокот на часовите по математика. повеќе... КАКО УЧЕЊЕТО МАТЕМАТИКА ДА ГО НАПРАВИМЕ ДА БИДЕ ПОЗИТИВНО ИСКУСТВО
- 31 август 2018, КАТЕГОРИЈА: Математички совети Како и секогаш, почетокот на учебната година е полн со многу елан и добри мисли, со желби да се биде подобар ученик, поуспешен наставник и погорд родител. Но, исто така, како и секогаш, тука е математиката која, за жал, не еднаш до сега успеала набрзо да го „расипе“ позитивниот почеток на новата учебна година. Учениците ќе му се вратат на стравот од математика, родителите ќе се лутат, а наставниците ќе се чувствуваат немоќни. Дали може ова да го смениме? повеќе... КОЈА Е МАТЕМАТИКАТА НА БАР КОДОТ
- 20 август 2018, КАТЕГОРИЈА: Дали сте знаеле... Кога ќе се спомне бар код, најчесто помислуваме на сликичка со линии и бројки под линиите, која „носи“ информација за цената на производот кој го купуваме. Не сме далеку од вистината, иако поимот за бар код е многу поширок, а информацијата која тој ја носи е многу повеќе од цената на производот. И како додаток на сѐ, во бројките дури има и „скриена математика“. повеќе... ЗАГАТКИ СО БРОЕВИ
- 24 јули 2018, КАТЕГОРИЈА: Загатки и хумор Овде ви подготвивме нови математички загатки со рима, слични на порано објавените Хумористични логички загатки. Овој пат загатките се за броеви. Погодете кои броеви се кријат во загатките. повеќе... Чоколадо за подобар свет
- 12 јули 2018, КАТЕГОРИЈА: Забавна математика „Престанете со зборување. Почнете со садење.“ е мото на иницијативата Plant-for-the-Planet. Целта на оваа иницијатива е децата од целиот свет преку еднодневни академии и акции да се едуцираат и садат дрва во своите земји, и сите заедно да стигнат до бројка од еден трилион засадени дрва на планетата Земја. За побрзо остварување на овие цели, во 2012 година, Plant-for-the-Planet го воведува нивното чоколадо Change Chocolate. Дознајте како ова чоколадо помага за осварување на целите на оваа иницијатива, а потоа забавувајте се со задачите на крајот од текстот. повеќе... ТРИК СО КАЛЕНДАР
- 14 јуни 2018, КАТЕГОРИЈА: Загатки и хумор Многу пати сме покажале дека математиката е забавна, но со овој трик ќе може на пријателите да им покажете колку навистина може таа да биде мистериозна, волшебна и впрочем како и секогаш, непогрешлива. Сѐ што ви треба е лист од календар за еден месец (деновите треба да се наредени по седмици). повеќе... ВОВЕДУВАЊЕ НА ПОИМОТ ТЕОРЕМА
- 13 јуни 2018, КАТЕГОРИЈА: Математички вештини Теорема е тврдење кое може да се докаже или покаже дека е вистинито. Со покажувањето на точноста на една теорема, ние го проверуваме нашето резонирање и логика. Така, преку размислување за нештата околу нас, ние ја развиваме аналитичката мисла, а со „решавање на проблемите“ односно „докажувањето на теоремите“, ние ја развиваме логичката мисла. Исто така, неретко теоремите можат да се добијат и со индуктивен пристап, кој е погоден за разгледување кај учениците на раноучилишна возраст. повеќе... ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ИНТЕРЕСОТ ЗА МАТЕМАТИКА СО ВИДЕО ЛЕКЦИИ
- 17 април 2018, КАТЕГОРИЈА: Математички совети За зголемување на интересот на учениците за предметот математика, а истовремено и зголемување на степенот на знаење, потребни се разновидни приоди кои би предизвикале љубопитност, желба за истражување и би помогнале во оформување личности способни да се соочат со предизвиците во реалниот свет. Кон постигнување на оваа цел, а во согласност со новите трендови на е-учење кои им се омилени на учениците, создавањето на видео материјали е од огромно значење. повеќе... ХУМОРИСТИЧНИ ЛОГИЧКИ ЗАГАТКИ
- 22 јануари 2018, КАТЕГОРИЈА: Загатки и хумор „Чудна е оваа зима, тоа го знаеме сите, без скии и санки ни минуваат дните. Но, од ова уште почудни нешта има, почудни и од чудната топла зима. Ќе ви раскажам сега четири случки јас, но, ветете ми дека ќе останат меѓу нас.“ повеќе... УЧИМЕ МАТЕМАТИКА СО МАТЕМАТИЧКИ ПРИКАЗНИ
- 16 јануари 2018, КАТЕГОРИЈА: Математички совети Математичките приказни кои обработуваат теми од секојдневнието, со имплементирани математички наставни содржини имаат за цел да им помогнат на учениците да ја научат или повторат математиката на поинаков начин. За децата, најважен е првиот впечаток кој ќе го добијат за математиката. Тоа многу ќе помогне во градењето на позитивниот однос кон неа. А децата едноставно не можат да оддолеат на една убава бајка, басна или расказ. повеќе...
ВИЗУЕЛНО ПРОЦЕНУВАЊЕ
- 9 јануари 2018, КАТЕГОРИЈА: Математички вештини Проценувањето не секогаш е насочено само кон правење пресметки. Подеднакво важно е да бидеме способни да процениме колкав е бројот на предмети кои се во нашето видно поле, да ја процениме должината или големината на нешто. Запознајте се со начините за визуелно проценување, дознајте како да го примените методот на палец за да процените колку е автомобилот оддалечен од вас, колку е оддалечена куќата на вашето другарче кое живее отспротива, на која далечина се наоѓаат лулашките на игралиштето на крајот од улицата, и слично. повеќе... СОСТАВУВАЊЕ ФИГУРИ ОД ТАНГРАМ
- 5 јануари 2018, КАТЕГОРИЈА: Математички игри Танграмот не е обична сложувалка со секогаш една иста почетна фигура која треба да се состави. Со седумте делчиња на танграмот може да се составуваат фигури на животни, предмети, луѓе, со него се вежба ориентацијата, поставеноста на фигурите, добар е за забава за сите генерации. Дознајте повеќе за потеклото на танграмската сложувалка, за легендата на танграмот и забавувајте се со предложените танграмски сложувалки. повеќе... ЗИМСКИ ЗАГАТКИ
- 22 декември 2017, КАТЕГОРИЈА: Загатки и хумор Во чест на почетокот на календарската зима, а и во духот на предновогодишното и предраспустското расположение, вистинско време е за четирите нови зимски загатки. Пријатана забава. повеќе... ШТО Е МАТЕМАТИЧКО МОДЕЛИРАЊЕ?
- 13 декември 2017, КАТЕГОРИЈА: Дали сте знаеле..., Математички вештини Во време кога почнавме повеќе да ги приметуваме и вреднуваме креативноста, критичкото размислување, способноста за решавање на проблеми, време е за математичкото моделирање, со кое овие вредности поинтезивно се практикуваат. Но, што е математичко моделирање? Како тоа може да ни помогне, на пример, да одлучиме колку јаболка треба едно семејство да понесе со себе на пикник? Или дали вреди да наполниме гориво во нашиот автомобил од подалечна бензиска станица, но по пониска цена? повеќе... ПИШУВАЊЕ ТАЈНИ ПОРАКИ
- 19 ноември 2017, КАТЕГОРИЈА: Математички игри Децата често сакаат да си играат игри во кои ќе користат таен јазик, јазик кој им е познат само ним, а не и на возрасните или на некоја друга група деца. Тоа може да биде модификација на говорниот јазик што го користат децата или, пак, да се користат одредени (тајни) симболи за комуникација. А може да се користат и самите букви од азбуката, но споени на чуден начин. Ви претставуваме три начини на пишување на тајни пораки, користејќи ги буквите од македонската азбука. повеќе... ПРОЦЕНУВАЊЕ - ЗОШТО И КАКО ДО ДОБРИ ПРОЦЕНКИ
- 2 ноември 2017, КАТЕГОРИЈА: Математички вештини, Математички совети Што е проценување? Зошто е корисно да знаеме да проценуваме? Како да станеме добри во правењето на проценките? повеќе... Најградови во Македонија
- 29 октомври 2017, КАТЕГОРИЈА: Забавна математика Дали сте знаеле дека Куманово не е најсеверен град, а Гевгелија не е најјужен град во Македонија? Дознајте кои се најсеверниот, најјужниот, најисточниот и најзападниот град во Македонија (и зошто), а потоа интегрирајте ги овие два предмета - географијата и математиката, решавајќи ги задачите за градовите во Македонија, кои ќе ги најдете на крајот од текстот. повеќе... 4 ЧЕКОРИ ПРИ РЕШАВАЊЕ НА ЗАДАЧИ ПО МАТЕМАТИКА
- 18 октомври 2017, КАТЕГОРИЈА: Математички совети Пријдете ѝ на математиката без предрасуди, без предубедување дека е тешка. Потрудете се да мислите методично, да мислите со некој ред кој најсигурно ќе ве доведе до правилниот заклучок и до решение на вашиот математички проблем, баш онака како што мислите и во вашиот секојдневен живот за дојдете до некоја цел. повеќе... ШАБЛОНИ И НИЗИ ОД БРОЕВИ
- 12 октомври 2017, КАТЕГОРИЈА: Загатки и хумор, Математички вештини Продолжувањата на шаблони или низи од броеви можеби и најмногу наликуваат на загатки, но тие ни помагаат и во усвојување на нови знаења, утврдување на веќе стекнатите знаења, со нив ги вежбаме предвидувачките способности, ја вежбаме интуицијата, ја откриваме функционалната зависност, и „потајно“ ја развиваме интелегенцијата. повеќе... 3 ИГРИ СО СОБИРАЊЕ И ОДЗЕМАЊЕ
- 4 октомври 2017, КАТЕГОРИЈА: Математички вештини, Математички игри Со овие три игри би внеле свежина во процесот на совладување на почетните сметачки вештини - собирање и одземање до 10. Пријатна забава и весело дружење додека ги чекорите првите чекори во светот на бројките! повеќе... Џуџест мармазет - најмалото мајмунче на светот
- 7 септември 2017, КАТЕГОРИЈА: Забавна математика Со просечна должина на телото (без опашот) од 11 до 15 сантиметри, должина на опаш од 17 до 23 сантиметри и маса нешто над 100 грама, џуџестиот мармазет е најмал вид мајмуни во светот. И овој пат, после приказната со која на кратко ќе се запознаете со начинот на живот на овие животни, ќе најдете математички задачи за забавата да биде комплетна. повеќе... МЕТОД НА ОТСЕЧКИ
- 30 август 2017, КАТЕГОРИЈА: Математички вештини Не на сите ученици „визуализацијата“ на количините при решавањето на текстуалните задачи, како и врските меѓу нив им е силна страна, па следствено имаат проблеми при составувањето на бројниот израз со кој треба да дојдат со одговорот. Методот на отсечки (некаде познат како Сингапурска математика) е сликовит пристап кон решавањето на текстуалните задачи, при кој задачите се моделираат со помош на отсечки (или правоаголници). Потоа, секако, следи составувањето на бројниот израз и негово решавање. Со овој метод може да се решаваат широк спектар на задачи, од најлесни до најтешки. повеќе... 15 КРАТКИ ЛОГИЧКИ ЗАГАТКИ
- 25 август 2017, КАТЕГОРИЈА: Загатки и хумор Петнаесет кратки и интересни, логички загатки кои наидоа на добар прием кај нашите читатели во текот на летото 2017. Тука се и нивните одговори. повеќе... ШТО СЕ СПИРАЛОАГОЛНИЦИ
- 21 август 2017, КАТЕГОРИЈА: Дали сте знаеле... Дали знаете што се тоа спиралоаголници? Самото име кажува дека би требало да се некои фигури со агли (како и многуаголниците) и дека имаат некаква врска со спирали. Но каква? Дознајте како се цртаат, како со нив може да се вежбаат таблиците за множење и како преку нив математиката има врска со уметноста. повеќе... Љубопитноста и математиката
- 18 август 2017, КАТЕГОРИЈА: Математички совети Љубопитноста е неопходна за нормален психички развој на личноста. Таа е важен фактор за идните постигнувања на индивидуата, и затоа треба да се поттикнува, развива. Прочитајте за важноста на љубопитноста во споредба со интелегенцијата, за начините на нејзино поттикнување кај децата дома и на училиште, на часовите по математика. повеќе... Игри на плочниците во градот
- 12 јули 2017, КАТЕГОРИЈА: Математички игри Ајде да го направиме интересно и полезно времето поминато на плочниците. Ви предлагаме три нови математички игри. Потребни ви се креди, деца кои сакаат да скокаат, и забавата може да почне. повеќе... МАТЕМАТИЧКИ ТРИКОВИ
- 30 мај 2017, КАТЕГОРИЈА: Загатки и хумор Замисли број, удвои го, додади 8, преполови го, одземи го бројот кој го замисли. Знам што доби. 4. Ова беше математички трик од минатата година. Овој пат ви подготвивме три нови посложени математички трикови. Воодушевете ги вашите соговорници, погодувајќи ги броевите кои ги замислиле, датумот кога се родени и колку чоколади сакаат да јадат неделно. повеќе... Игра „Мартинети“
- 25 мај 2017, КАТЕГОРИЈА: Математички игри Друштвена игра за двајца играчи, но може и повеќе. Потребни ви се три коцки за играње, по еден пион за секој од играчите и табла за играње „Мартинети“. повеќе... ШТО СЕ ЕГИПЕТСКИ ДРОПКИ
- 17 мај 2017, КАТЕГОРИЈА: Дали сте знаеле... При решавањето на практичните проблеми од секојдневниот живот, трговијата и пазарењето, старите Египќани користеле дропки. Дознајте како Египетските дропки, денес може да ги искористиме за да на практичен начин поделиме подеднакво 11 пици на 12 луѓе. повеќе... Јајце - симбол за нов почеток
- 12 април 2017, КАТЕГОРИЈА: Забавна математика Јајцата најчесто се опишуваат од нутриционистите како најголема природна витаминска таблета - минерален коктел, затоа што содржат многу од основните витамини и минерали потребни за здрава исхрана. Прочитајте неколку интересни факти за јајцата, а потоа забавувајте се со задачите на крајот од текстот. повеќе... КАКО СЕ РОДИЛА НИЗАТА ФИБОНАЧИЕВИ БРОЕВИ
- 30 март 2017, КАТЕГОРИЈА: Дали сте знаеле... Прочитајте ја приказната за хипотетичката популација на зајаци и нејзиниот креатор, италијанскиот математичар Фибоначи. повеќе... ЛОГИЧКИ ЗАГАТКИ (шести дел)
- 13 февруари 2017, КАТЕГОРИЈА: Загатки и хумор Четири нови логички загатки, со сестри, цигли, гуски и банани. повеќе... ЛОГИЧКИ ЗАГАТКИ (петти дел)
- 31 јануари 2017, КАТЕГОРИЈА: Загатки и хумор Четири нови логички загатки, со броеви, букви, години, па дури и баби. повеќе... Дислексијата и математиката
- 25 јануари 2017, КАТЕГОРИЈА: Математички совети Дислексијата е синдром кој се манифестира различно кај различни индивидуи. Учениците со дислексија не се ниту неспособни, ниту мрзеливи, напротив тие дури и поседуват и нешто повеќе од „обичните“ деца - изразена способност да ја согледаат големата слика, потребна за критичко математичко размислување. повеќе... МАКЕДОНСКАТА АЗБУКА И МАТЕМАТИКАТА - ДЕФИНИРАЊЕ НА МАТЕМАТИЧКИ ПОИМИ
- 24 јануари 2017, КАТЕГОРИЈА: Математички вештини, Математички игри Умешноста добро да се дефинира одреден поим не е само литературна способност, туку и показател за тоа дали и колку темелно е усвоен математичкиот поим. Која е тајната на дефинирањето на математички поими и како може оваа вештина да се вежба? повеќе... КАКО НЕКОГАШ МНОЖЕЛЕ КИНЕЗИТЕ
- 20 јануари 2017, КАТЕГОРИЈА: Дали сте знаеле... Дознајте за еден едноставен начин за множење кој може да биде и забавен доколку искористите разнобојни цевки за сок или конци. повеќе... СНЕЖНИ ЗАГАТКИ
- 17 јануари 2017, КАТЕГОРИЈА: Загатки и хумор Со снегот пристигнаа и снежните загатки. Ви предлагаме четири нови логички снежни загатки. повеќе... Математиката во кујна
- 15 јануари 2017, КАТЕГОРИЈА: Математички совети Кујната е едно вкусно катче каде и децата може да ги научат основите на броењето, мерењето, споредувањето, пресметувањето. Прочитајте за тоа кои математички активности може да ги вежбате со помалите, а кои со поголемите деца, и најдете го на крај рецептот за вкусните и шарени Домино колачиња! повеќе... ШТО Е ФАКТОРИЕЛ
- 11 јануари 2017, КАТЕГОРИЈА: Дали сте знаеле... Факториел на некој природен број n е бројот кој се добива со множење на сите природни броеви помали или еднакви на n. На пример, 6! = 1 × 2 × 3 × 4 × 5 × 6 = 720 повеќе... ЛОГИЧКИ ЗАГАТКИ (четврт дел)
- 7 јануари 2017, КАТЕГОРИЈА: Загатки и хумор Како најдобро би го вежбале мозокот за време на зимскиот распуст ако не со логички загатки? Ви предлагаме четири нови логички загатки. повеќе... Семејни математички игри
- 5 јануари 2017, КАТЕГОРИЈА: Математички игри Кога ќе ги споите двете најомилени работи на едно дете - семејството и играта, ќе добиете прекрасен спој - семејни игри. Да им го збогатиме зимскиот распуст на нашите деца со неколку, помалку или повеќе познати игри со карти и коцки, кои може да ги играте во кругот на семејството и при тоа сите убаво да се забавувате. повеќе... MINECRAFT
- 28 декември 2016, КАТЕГОРИЈА: Забавна математика За љубителите на MINECRAFT, за родителите чии деца „се зависни“ од оваа игра, ви предлагаме да ги прочитатате следните неколку интересни факти за играта на денешнината, за играта која ја играат вашите најмили, а потоа заедно и да се забавувате со предложените задачи. повеќе... НОВОГОДИШНИ ЗАГАТКИ
- 22 декември 2016, КАТЕГОРИЈА: Загатки и хумор Предновогодишното расположение е секогаш такво да најмногу не' привлекуват содржини кои имаат некаква врска со новогодишната атмосфера - новогодишна елка, подароци, Дедо Мраз, ... Водени од оваа идеја ви ги предлагаме следните четири загатки. повеќе... КАКО ДА ПРЕСМЕТАТЕ ВО КОЈ ДЕН ОД НЕДЕЛАТА СТЕ РОДЕНИ
- 19 декември 2016, КАТЕГОРИЈА: Дали сте знаеле... Дали знаете во кој ден од неделата сте родени? Дали знаете како да го одредите денот од неделата, ако ви е познат датумот? Следете ја следната постапка (алгоритам) за да пресметате и самите. повеќе... ЛОГИЧКИ ЗАГАТКИ (трет дел)
- 8 декември 2016, КАТЕГОРИЈА: Загатки и хумор Четири нови логички загатки за нашите читатели: 1. Одат во колона 4 мравки, првата вели: “Зад мене има 3 мравки“, втората вели: “Зад мене има 2 мравки“, третата вели: “Зад мене има 1 мравка“, четвртата вели: “Зад мене има 3 мравки“. Дали е тоа можно, ако знаеме дека секоја од мравките ја зборува вистината? повеќе... Игра „Блокус“
- 25 ноември 2016, КАТЕГОРИЈА: Математички игри Оваа игра многу наликува на мегапопуларната игра Тетрис, па можеби и затоа брзо е прифатена и веќе има достигнато одредена популарност. Ги развива логиката и статешките вештини, а можете и самите да ја изработите. повеќе... МНОЖЕЊЕ СО МРЕЖА (двоцифрен со трицифрен број)
- 24 ноември 2016, КАТЕГОРИЈА: Математички вештини Како што множевме два двоцифрени броја со помош на мрежа, така сега ќе помножиме двоцифрен со трицифрен број со помош на мрежа. повеќе... ЛОГИЧКИ ЗАГАТКИ (втор дел)
- 22 ноември 2016, КАТЕГОРИЈА: Загатки и хумор Ви предлагаме четири нови логички загатки: 1. Во едно семејство имало повеќе деца. „Јас имам два пати повеќе браќа од сестри.“ - рекла една од сестрите. „А, јас имам исто толку браќа колку и сестри.“ - рекло едно од братчињата. Колку браќа, а колку сестри има во семејството? повеќе... НЕКОИ ФАКТИ ЗА БРОЈОТ ЕДЕН
- 16 ноември 2016, КАТЕГОРИЈА: Дали сте знаеле... На што прво ви текнува кога ќе помислите на бројот 1 (еден)? Можеби на: единственост, уникатност, непроменливост. И не сте така далеку од значењето на овој број... Бројот 1 е омилен во трките, натпреварите, но непосакуван е на училиште. Во кошарката, 1 поен се доделува за постигнат кош при слободно фрлање. Асот во картите понекогаш има вредност 1. повеќе... КАКО ДЕТЕТО ДА НАУЧИ ДА ЧИТА СО ПОМОШ НА МАТЕМАТИКАТА И ПРИРОДНИТЕ НАУКИ
- 13 ноември 2016, КАТЕГОРИЈА: Математички совети Дали може да ги искористите математиката и природните науки за да го научите детето да чита? Апсолутно да, а за возврат ќе добиете многу повеќе од тоа. повеќе... ЛОГИЧКИ ЗАГАТКИ (прв дел)
- 11 ноември 2016, КАТЕГОРИЈА: Загатки и хумор Ви предлагаме да ги решите следните четири логички загатки: 1. Си биле две јата на гуски, јато А и јато Б. Ако една гуска од јатото А отиде во јатото Б тогаш јатото Б ќе има два пати повеќе гуски од јатото А. Но, ако една гуска од јатото Б отиде во јатото А тогаш двете јата ќе имаат ист број на гуски. Колку гуски има јатото А, а колку јатото Б? повеќе... МНОЖЕЊЕ СО МРЕЖА (двоцифрен со двоцифрен број)
- 10 ноември 2016, КАТЕГОРИЈА: Математички вештини Овде ќе прикажеме еден забавен и интерсен, а неверојатно брз начин за множење на повеќецифрени броеви со помош на мрежа. За да ја совладаме техниката, прво ќе почнеме со производ на два двоцифрени броја. повеќе... КАКО ЛУЃЕТО ГО БЕЛЕЖАТ БРОЕЊЕТО
- 3 ноември 2016, КАТЕГОРИЈА: Дали сте знаеле... Бележењето на броењето и старо колку и човекот. Броењето и неговото забележување, се вбројуваат во праисториските зачетоци на математиката. Интересно е што тие древни техники се се' уште присутни и денес. повеќе... ЗАГАТКИ И ХУМОР (ОКТОМВРИ 2016)
- 31 октомври 2016, КАТЕГОРИЈА: Загатки и хумор Доколку ги пропуштивте загатките и шегите кои ги објавувавме во текот на месец октомври 2016 год, на почетната страна на Математика + и на Facebook страната, истите ќе ги најдте тука. повеќе... ЗАГАТКА СО ЛИСИЦИ
- 7 октомври 2016, КАТЕГОРИЈА: Загатки и хумор Следнава загатка е многу стара, но истовремено и многу забавна и поучна. Додека се ослободувате од испреплетените јажиња (лисици), го вежбате тополошкото размислување, усвојувате тополошки концепти. повеќе... ЗАГАТКИ И ХУМОР (СЕПТЕМВРИ 2016)
- 30 септември 2016, КАТЕГОРИЈА: Загатки и хумор Доколку ги пропуштивте загатките и шегите кои ги објавувавме во текот на месец септември 2016 год, на почетната страна на Математика + и на Facebook страната, истите ќе ги најдте тука. повеќе... Транссибирската железница
- 23 септември 2016, КАТЕГОРИЈА: Забавна математика Дали сте знаеле дека оваа 2016 година се навршуваат точно 100 години од изградбата на најдолгата железница на светот - Транссибирската железница? Прочитајте нешто повеќе за неа, дознајте некои интересни факти, и забавувајте се со математичките задачи на крајот од текстот. повеќе... ЗАГАТКИ И ХУМОР (АВГУСТ 2016)
- 31 август 2016, КАТЕГОРИЈА: Загатки и хумор Доколку ги пропуштивте загатките и шегите кои ги објавувавме во текот на месец август 2016 год, на почетната страна на Математика + и на Facebook страната, истите ќе ги најдте тука. повеќе... ЗАГАТКИ И ХУМОР (ЈУЛИ 2016)
- 31 јули 2016, КАТЕГОРИЈА: Загатки и хумор Доколку ги пропуштивте загатките и шегите кои ги објавувавме во текот на месец јули 2016 год, на почетната страна на Математика + и на Facebook страната, истите ќе ги најдте тука. повеќе... Коцкасти лубеници
- 15 јули 2016, КАТЕГОРИЈА: Забавна математика Ви подготвивме нова приказна од категоријата Забавна математика со вметнати математички задачи во неа. Овој пат тоа е приказната за Коцкастите лубеници. повеќе... Африканска стратешка игра „Дара“
- 11 јули 2016, КАТЕГОРИЈА: Математички игри Оваа игра се игра на табла со 5 х 6 полиња и двајца играчи, при што секој играч има по 12 идентични „фигури“. Ако играта ја играте надвор, таблата може да ја нацртате со креда, едниот играч да игра со камчиња, а дргиот со дрвца... повеќе... ЗАГАТКИ И ХУМОР (ЈУНИ 2016)
- 30 јуни 2016, КАТЕГОРИЈА: Загатки и хумор Доколку ги пропуштивте загатките и шегите кои ги објавувавме во текот на месец јуни 2016 год, на почетната страна на Математика + и на Facebook страната, истите ќе ги најдте тука. повеќе...
ОЛИМПИСКИ ИГРИ
- 9 јуни 2016, КАТЕГОРИЈА: Забавна математика Продолжуваме со вметнување на математиката во секојдневието. После приказните за Џиновската секвоја и Големиот кинески ѕид, ви подготвивме приказна за Олимписките игри со четири нови задачи. повеќе... ГОЛЕМИОТ КИНЕСКИ ЅИД
- 7 јуни 2016, КАТЕГОРИЈА: Забавна математика Претходно ви ја изложивме идејата за вметнување на математиката во секојдневните активности, во приказните, се' со цел на ненаметлив и забавен начин да им понудиме на децата квалитетно и продуктивно другарување со математиката. Така, математиката ја вметнавме во приказната за најголемото дрво на светот Џиновската секвоја, а овој пат ја вметнавме во приказната за Големиот кинески ѕид. повеќе... ИГРА “ЧЕТВОРКАТА ГУБИ“
- 4 јуни 2016, КАТЕГОРИЈА: Математички игри Ви предлагаме една забавна игра која лесно може да се прилагоди според возраста и условите. Играта се игра со тимови составени од по два ученика, при што едниот ученик поставува задача, на пример 2 + 3, а другиот ученик треба да го каже одговорот (5). При тоа правилата се ... повеќе... ЗАГАТКИ И ХУМОР (МАЈ 2016)
- 31 мај 2016, КАТЕГОРИЈА: Загатки и хумор Доколку ги пропуштивте загатките и шегите кои ги објавувавме во текот на месец мај 2016 год, на почетната страна на Математика + и на Facebook страната, истите ќе ги најдте тука. повеќе... ИГРИ: ПОДЕЛБА НА ФИГУРА И ИГРА НА БРОЕЊЕ (МАЈ 2016)
- 31 мај 2016, КАТЕГОРИЈА: Математички игри Доколку ги пропуштивте игрите кои ги објавувавме во текот на месец мај 2016 год, на почетната страна на Математика + и на Facebook страната, истите ќе ги најдте тука. повеќе... ЏИНОВСКА СЕКВОЈА
- 25 мај 2016, КАТЕГОРИЈА: Забавна математика Математиката може да биде забавна. Во продолжение ви предлагаме еден текст во кој ненаметливо е вметната математиката во приказната за најголемото дрво во светот. После текстот следуваат задачи за и помалите и поголемите дечиња, поделени по нивоа. (Извадок од Како детето (повторно) да ја засака математиката) повеќе... КАКО ДЕТЕТО (ПОВТОРНО) ДА ЈА ЗАСАКА МАТЕМАТИКАТА?
- 25 мај 2016, КАТЕГОРИЈА: Забавна математика, Математички совети Зошто во текот на животот многу често се случува децата да создадат чувство на анксиозност (возбуда и страв) кон математиката, одбивност, па дури и омраза? Зошто ослободувањето од анксиозноста кон математиката е важно? Кои се превентивните мерки детето да не создаде анксиозност кон математиката? Или, ако ја има, како да му помогнете да се ослободи од неа? Како да ја засака математиката, на начин како што само ТАА заслужува? повеќе... ЧЕТИРИБОЈНА ТЕОРЕМА
- 16 мај 2016, КАТЕГОРИЈА: Математички вештини Убавината на математиката е во тоа што сложените тврдења може да се поедностават и да се симнат на пониско ниво. На тој начин, децата имаат можност да се запознаат многу порано, преку едноставни примери и активности, со сложените математички концепти и да го вежбаат логичко-математичкото расудување. Таков е случајот со познатата Четирбојна теорема. повеќе... МАТЕМАТИКА ВО ПРИРОДА
- 29 април 2016, КАТЕГОРИЈА: Математички игри, Математички совети Ви предлагаме активности, игри кои може да ги реализирате за време на прошетките низ паркот, излетите во природа, одморот на плажа. Истите активности наставниците може да ги реализираат на одморите меѓу часовите поминати на отворено со целото одделение или како посебен час во природа. повеќе... АПРИЛ 2016 - МЕСЕЦ НА ИДНИНАТА НА ПРЕДВИДУВАЊЕТО (ИГРА НА ПРЕДВИДУВАЊЕ СО КОЦКИ)
- 12 април 2016, КАТЕГОРИЈА: Математички вештини, Математички игри По повод месецот на математички основаните предвидувања (април 2016) ви предлагаме да ја погледнете Играта на предвидување со коцки, која може да се игра и на училиште и дома, може да се игра со целото оделение, во групи, по парови или индивидуално. Соодветна е за учениците од 1, 2 и 3 одделение, но и за повисоките одделенија. Се надеваме дека ќе им биде забавна на нашите најмали пријатели и ќе научат нешто повеќе за улогата на математката во предвидувањата. повеќе... ДА СЕ НАСМЕЕМЕ ... ХУМОРОТ ЈА РАЗВИВА ИНТЕЛЕГЕНЦИЈАТА И ОСЛОБОДУВА ОД СТРЕСОТ
- 4 април 2016, КАТЕГОРИЈА: Загатки и хумор, Математички совети Хуморот и смеењето се здрави, ова го знаат сите. Медицината и психологијата го делат мислењето дека хуморот е важен фактор во правилниот физички и психички развој на детето. повеќе... КАКО МАТЕМАТИКАТА ЈА РАЗВИВА ИНТЕЛЕГЕНЦИЈАТА КАЈ ДЕЦАТА?
- 30 март 2016, КАТЕГОРИЈА: Математички совети Една карактеристика на интелегентните луѓе е нивната способност да ги препознаат правилата според кои нештата се случуваат, за да може да направат предвидување за тоа што би се случувало во иднина. Математиката како наука за знаењето и учењето има задача да ги препознава правилата, да ги открива законитостите и да гради модели на разгледуваните појави. Ви предлагаме еден вид на задачи за развивање на способноста за препознавање на правилото, соодветни за најмладите ученици. повеќе... 50 НАЧИНИ ДА ГО ИЗВЛЕЧЕТЕ НАЈДОБРОТО ОД ВАШЕТО ДЕТЕ
- 23 март 2016, КАТЕГОРИЈА: Математички совети ПОМОГНЕТЕ МУ НА ВАШЕТО ДЕТЕ ДА ГО РАЗВИЕ ТАЛЕНТОТ ЗА МАТЕМАТИКА УШТЕ ОД НАЈРАНА ВОЗРАСТ, КОГА ДЕЦАТА СЕ БЕЗ ПРЕДРАСУДИ КОН МАТЕМАТИКАТА. МАТЕМАТИКАТА ИМА МНОГУ ЛИЦА, ТАА Е НАСЕКАДЕ, МОЖЕ ДА СЕ СОВЛАДУВА СО РАЗМИСЛУВАЊЕ, ПИШУВАЊЕ, ЦРТАЊЕ, БОЕЊЕ, ЧИТАЊЕ, ИГРАЊЕ, ... повеќе... |
Математика +Блог страница на Математика + наменета за децата, родителите и наставниците.
Категории |
Copyright © 2015 Математика +
|