ХУМОРИСТИЧНИ ЛОГИЧКИ ЗАГАТКИ
|
1.
Снешко тргнал на плажа да иде, да се сонча, потемен да биде. За да одеднаш не се стопи цел, пет чадори за сонце со себе зел. Зел уште и три капи, и очила девет, но заборавил со себе да земе и кревет. Ако знаме дека, една капа, петнаесет минути го лади, а под еден чадор, саат време може на ладот да се слади, ајде кажете ми вие сега, колку време Снешко од плажата не мора да бега? |
2.
Вчера видов една овца како џемпер од волна плете, а потоа и една крава како со метла дворот го мете. Видов и една свиња како зела книга да чита, а потоа и еден петел како од праз меси пита. „Ех, питата нема да ја биде!“ извикав разочарано на цел глас. Но, зошто пак само од петелот како меси пита се зачудив јас? |
3.
Кај забарот наш еден ден Зајко сврати, изел цел волк, па сега забот му се клати. „Ех море Зајко, Зајко, без овој заб и петте од лани, на диета ќе мора да бидеш, и да јадеш само банани.“ „Не е баш така“ се побуни Зајко смело, „Ќе изедам уште десет волци“ одговори тој весело. „Можеш уште дваесет и уште два згора, но ќе останеш без заби па да бидеш на банани ќе мора.“ Колку заби имал Зајко кажете ми сега вие, кога престанал тој од волците да се крие? |
4.
Мајмунчето Чита, загатки многу сака, секојдневно тој, ги решава без мака. „Прво, кажете ми како но без многу врева, само со четири букви, се пишува „сува трева“?“ „Второ, на мајката на Миле срцето за три деца и бие, тоа се: Ана, Бојана и ... а третото дете кажете го вие?“ „Трето, дали знаете каде шума без дрва има. патишта без автомобили, и планини без снег во зима?“ „Лесни се загатките, како еден, два и три“, тоа го вели Чита, верувај му и ти. |
Автор: Ирена Стојковска
Одговори на загатките (13 јуни 2018)
1. Снешко може да остане на плажата најмногу 1 час, ако седи под чадор.
2. Сите останати животни имаат „раце“, само петелот нема, тој има крилја.
3. Зајко имал 1 + 5 + 20 = 26 заби.
4. Сува трева со четири букви е: СЕНО.
Третото дете се вика: МИЛЕ.
Последниот одговор е: На географска карта.
Автор: Ирена Стојковска
2. Сите останати животни имаат „раце“, само петелот нема, тој има крилја.
3. Зајко имал 1 + 5 + 20 = 26 заби.
4. Сува трева со четири букви е: СЕНО.
Третото дете се вика: МИЛЕ.
Последниот одговор е: На географска карта.
Автор: Ирена Стојковска
Математика +
Блог страница на Математика + наменета за децата, родителите и наставниците.
Категории
Copyright © 2015 Математика +
|