Забавна математика (Блог)Кратки информативни текстови од области кои наизглед немаат допирни точки со математиката, дополнети со математички задачи (две возрасни групи, секоја по две нивоа). Откријте ја забавната страна на математиката!
Математички приказни дополнети со математички задачи кои произлегуваат од содржината на текстот, може да најдете во рубриката Математички приказни. Во рубриката Од наставата може да најдете повеќе математички видео приказни во кои се воведуваат нови математички концепти или се повторуваат и утврдуваат веќе изучените. За корисноста на математичките приказни во наставата по математика дознајте повеќе во текстот Учиме математика со математички приказни. Чоколадо за подобар свет
- 12 јули 2018, КАТЕГОРИЈА: Забавна математика „Престанете со зборување. Почнете со садење.“ е мото на иницијативата Plant-for-the-Planet. Целта на оваа иницијатива е децата од целиот свет преку еднодневни академии и акции да се едуцираат и садат дрва во своите земји, и сите заедно да стигнат до бројка од еден трилион засадени дрва на планетата Земја. За побрзо остварување на овие цели, во 2012 година, Plant-for-the-Planet го воведува нивното чоколадо Change Chocolate. Дознајте како ова чоколадо помага за осварување на целите на оваа иницијатива, а потоа забавувајте се со задачите на крајот од текстот. повеќе... Најградови во Македонија
- 29 октомври 2017, КАТЕГОРИЈА: Забавна математика Дали сте знаеле дека Куманово не е најсеверен град, а Гевгелија не е најјужен град во Македонија? Дознајте кои се најсеверниот, најјужниот, најисточниот и најзападниот град во Македонија (и зошто), а потоа интегрирајте ги овие два предмета - географијата и математиката, решавајќи ги задачите за градовите во Македонија, кои ќе ги најдете на крајот од текстот. повеќе... Џуџест мармазет - најмалото мајмунче на светот
- 7 септември 2017, КАТЕГОРИЈА: Забавна математика Со просечна должина на телото (без опашот) од 11 до 15 сантиметри, должина на опаш од 17 до 23 сантиметри и маса нешто над 100 грама, џуџестиот мармазет е најмал вид мајмуни во светот. И овој пат, после приказната со која на кратко ќе се запознаете со начинот на живот на овие животни, ќе најдете математички задачи за забавата да биде комплетна. повеќе... Јајце - симбол за нов почеток
- 12 април 2017, КАТЕГОРИЈА: Забавна математика Јајцата најчесто се опишуваат од нутриционистите како најголема природна витаминска таблета - минерален коктел, затоа што содржат многу од основните витамини и минерали потребни за здрава исхрана. Прочитајте неколку интересни факти за јајцата, а потоа забавувајте се со задачите на крајот од текстот. повеќе... MINECRAFT
- 28 декември 2016, КАТЕГОРИЈА: Забавна математика За љубителите на MINECRAFT, за родителите чии деца „се зависни“ од оваа игра, ви предлагаме да ги прочитатате следните неколку интересни факти за играта на денешнината, за играта која ја играат вашите најмили, а потоа заедно и да се забавувате со предложените задачи. повеќе... Транссибирската железница
- 23 септември 2016, КАТЕГОРИЈА: Забавна математика Дали сте знаеле дека оваа 2016 година се навршуваат точно 100 години од изградбата на најдолгата железница на светот - Транссибирската железница? Прочитајте нешто повеќе за неа, дознајте некои интересни факти, и забавувајте се со математичките задачи на крајот од текстот. повеќе... Коцкасти лубеници
- 15 јули 2016, КАТЕГОРИЈА: Забавна математика Ви подготвивме нова приказна од категоријата Забавна математика со вметнати математички задачи во неа. Овој пат тоа е приказната за Коцкастите лубеници. повеќе... ОЛИМПИСКИ ИГРИ
- 9 јуни 2016, КАТЕГОРИЈА: Забавна математика Продолжуваме со вметнување на математиката во секојдневието. После приказните за Џиновската секвоја и Големиот кинески ѕид, ви подготвивме приказна за Олимписките игри со четири нови задачи. повеќе... ГОЛЕМИОТ КИНЕСКИ ЅИД
- 7 јуни 2016, КАТЕГОРИЈА: Забавна математика Претходно ви ја изложивме идејата за вметнување на математиката во секојдневните активности, во приказните, се' со цел на ненаметлив и забавен начин да им понудиме на децата квалитетно и продуктивно другарување со математиката. Така, математиката ја вметнавме во приказната за најголемото дрво на светот Џиновската секвоја, а овој пат ја вметнавме во приказната за Големиот кинески ѕид. повеќе... ЏИНОВСКА СЕКВОЈА
- 25 мај 2016, КАТЕГОРИЈА: Забавна математика Математиката може да биде забавна. Во продолжение ви предлагаме еден текст во кој ненаметливо е вметната математиката во приказната за најголемото дрво во светот. После текстот следуваат задачи за и помалите и поголемите дечиња, поделени по нивоа. (Извадок од Како детето (повторно) да ја засака математиката) повеќе... |
Математика +Блог страница на Математика + наменета за децата, родителите и наставниците.
Категории |
Copyright © 2015 Математика +
|