MINECRAFT
|
|
За малите:
Ниво 1: Каква форма се главите на човечињата во MINECRAFT? А нивните раце и нозе?
Ниво 2: Ако еден ден во MINECRAFT световите трае 20 минути, а ноќта трае 7 минути, колку цели деноноќија може да изиграш, ако играш еден час?
За големите:
Ниво 1: Во MINECRAFT световите од една коцка дрво може да се направат 4 даски, а од една даска може да се направат 2 стапа. Колку стапа може да направиш од 2 коцки дрво?
Исто така во MINECRAFT постои орудие кое се вика дрвен копач и кој може да се направи од 3 даски и еден стап. Дали може да направиш дрвен копач од една коцка дрво? Како?
Ниво 2: За да ја истражиш оклината во MINECRAFT треба да одиш (да се шеташ), но секогаш треба да знаеш да се вратиш назад во куќата која си ја изградил. Ако си тргнал од куќата и си одел 50 чекори во еден правец, а потоа си свртел на десно уште 30 чекори, па лево 20 чекори, и уште еднаш лево 40 чекори, како може да се вратиш во куќата по истиот пат по кој си одел? А како може да се вратиш по пат по кој не си одел до тогаш? Колкав пат си изминал во двата случаја?
Одговори:
За малите:
Ниво 1: Главите се во форма на коцки, а рацете и нозете се квадари.
Ниво 2: Едно деноноќие е 20 + 7 = 27 минути. Па, за еден час, што е 60 минути, може да изиграш 2 цели деноноќија или вкупно 27 + 27 = 54 минути.
За големите:
Ниво 1: Од една коцка дрво може да се направат 4 × 2 = 8 стапа, значи од 2 коцки дрво може да се направат 2 × 8 = 16 стапа.
Да, може да направиш дрвен копач од една коцка дрво, имено од коцката дрвото ќе направиш 4 даски, а од едната даска ќе направиш 2 стапа, значи ќе имаш 3 даски и 2 стапа, а за дрвен копач ти се потребни 3 даски и еден стап. Еден стап ќе ти остане во залиха.
Ниво 2: За да се вратиш по истиот пат треба да се свртиш назад и да одиш право 40 чекори, па десно 20 чекори, па десно 30 чекори и лево 50 чекори. Вкупниот пат кој си го изминал е: 2 × (50 + 30 + 20 + 40) = 2 × 140 = 280 чекори.
За да се вратиш по пат по кој не си одел до тогаш, еден одговор е да свртиш лево 70 чекори и пак лево 10 чекори (види цртеж, црвената линија е патот на одење, а сината на враќање). Вкупно изминат пат: 50 + 30 + 20 + 40 + 70 + 10 = 220 чекори.
Забелешка: Ова решение е точно во случај теренот да е рамен. Кога истражувањето на околината е по нерамен терен, планини, рудници, најдобро е да се вратиш по патот по кој си одел.
Математика +
Блог страница на Математика + наменета за децата, родителите и наставниците.
Категории
Copyright © 2015 Математика +
|