Уредници на Математика +
Како основач и уредник на Математика +, Ирена Стојковска е поборник за ширењето на математичката мисла меѓу луѓето од сите генерации и профили. Таа се залага секој да ја засака и почитува математиката на начин како што само ТАА - математиката заслужува. Ирена Стојковска е доктор на математички науки, и работи како професор на Институтот за математика, при Природно-математичкиот факултет во Скопје. Член е на уредувачките одбори на популарните математички списанија „Нумерус“ и „Сигма“, таа е еден од уредниците на математичкиот портал ПОИМ (Портал на Институтот за математика), а автор е и на повеќе математички статии од научно-популарен карактер. Како член на Сојузот на математичари на Македонија била повеќегодишен член на комисиите за составување на задачи за националните натпревари и учествувала во спроведување на истите. Таа е автор на блогот со математички задачи за основно и средно образование Math At 730 (на англиски јазик) и автор на блогот Beautiful Math (на англиски јазик). Мајка е на две деца на раноучилишна возраст кои се нејзина инспирација за што поголема посветеност на работата како уредник на Математика +.
Елена Хаџиева е еден од првите поддржувачи на идејата за Математика + и се приклучува кон работата на Математика + набрзо по нејзиното основање. Со нејзините директни заложби во подготовката на материјалите кои се објавуваат на Математика+, значително придонесува за квалитетот на истите. Елена Хаџиева е доктор на математички науки, и работи како професор на Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ во Охрид. Автор е на повеќе математички статии од научно-популарен карактер, а како член на Сојузот на математичари на Македонија била член на комисиите за составување на задачи за националните натпревари и учествувала во спроведување на истите. Со Ирена Стојковска ги спојува љубовта кон математиката, повеќе од 20 години пријателство, како и родителството - и Елена е мајка на дете на раноучилишна возраст.
* * *
Отворени сме за соработка со професори, наставници, студенти, ученици, и сите други вљубеници во математиката (види Контакт). Воедно, би сакале да им се заблагодариме на досегашните соработници на Математика + за нивните активности во насока на збогатувањето и подобрувањето на соджините на страниците на Математика +, но и на сите наши читатели, мали и големи, за нивната поддршка на нашата работа.
Со почит,
Уредниците на Математика+
Со почит,
Уредниците на Математика+
*) При секое превземање на содржини од страниците на Математика + задолжително да се наведе изворот (авторот и интернет страницата).
Copyright © 2015 Математика +
|