Соработници на Математика +
- Весна Целакоска - Јорданова, доктор на математички науки, професор на Институтот за математика, при Природно-математичкиот факултет во Скопје, еден од уредниците на математичкиот портал ПОИМ (Портал на Институтот за математика), автор на повеќе математички статии од научно-популарен карактер
- Игор Шопоски, инженер по електротехника, вработен како ИТ администратор во АД ЕЛЕМ Македонија, еден од уредниците на Facebook страниците Математика во срцето и Логички загатки
- Марко Димовски, магистер на математички науки и примени, асистент на Институтот за математика, при Природно-математичкиот факултет во Скопје, автор на математички статии од научно-популарен карактер
- Адријана Тодорова, професор по математика и физика за основно образование, вработена како наставник по математика и физика во ООУ Петар Мусев, Богданци, добитник на наградата Нај ООР наставник за 2016 година, уредник на блогот Учиме математика
- Сузана Спирковска, професор по одделенска настава, вработена како одделенски наставник во ООУ Кирил Пејчиновиќ, Скопје
- Билјана Божиновска, дипломиран професор по математика
- Снежана Златковска, професор по математика во ООУ Илинден, Крива Паланка, уредник на интернет страницата Учи математика
- Гордана Николовска, професор по математика во СУГС Георги Димитров, Скопје
- Игор Богданоски, дипломиран машински инженер, долгогодишен тутор по математика, делови од физика и група машински предмети, пријавен професор во базата професори по математика на сајтот Е-Математика и регистриран тутор на онлајн образовната платформа TeachHoot
- Ерблина Зеќири, студент на Институтот за математика при Природно-математичкиот факултет во Скопје, на насоката теориска математика, демонстратор на Градежниот факултет во Скопје, има учествувано со предавања од областа на наставата по математика и научно-популарни предавања на повеќе математички семинари
- Билјана Шуминоска, магистер по математичко образование за основно и средно училиште, раководител на едукативниот центар „Абакус“ од Охрид, кој го има првиот сертификат за работа со талентирани и надарени ученици
- Гордана Икономовска, одделенски наставник во ООУ Круме Кепески, Скопје
- Тања Бајрактарова Веда, професор по математика, повеќе години пишува математички приказни за списанијата за деца: „Росица“, „Другарче“ и „Развигор“, соработник во проектот „Учиме и растеме преку театар“, писател за деца, објавени книги: „Балони и бонбони“, „Заспивалки“, „Волшебен свет“, "Слушни, пеј, играј...".
- Стево Ѓоргиев, дипломиран математичар и дипломиран инженер по математичка економија, има учествувано со научно-популарни предавања на повеќе математички семинари, автор на научно-популарни трудови и трудови за наставата по математика
* * *
Им се заблагодаруваме на досегашните соработници на Математика + за несебичната соработка во насока на збогатување на страниците на Математика + со квалитетни содржини. Отворени сме за соработка со секој оној (професор, наставник, студент, ученик) вљубеник во математиката што ќе ни' испрати интересен, забавен и едукативен материјал за објавување на Математика + и кој би бил во склад со целите на Математика +. Доколку имате таков материјал и сакате да го објавите на страниците на Математика +, контактирајте не' на [email protected] или контактирајте ги директно уредниците на Математика + (види Контакт).
Со почит,
Уредниците на Математика+
Со почит,
Уредниците на Математика+
*) При секое превземање на содржини од страниците на Математика + задолжително да се наведе изворот (авторот и интернет страницата).
Copyright © 2015 Математика +
|