Математички игри (Блог)Играјте, другарувајте и учете математика истовремено! Математички игри за дома, во природа, со пријателите и семејството. (Дополнително, математички игри може да најдете и во рубриката Математички боенки под насловите Игри-боенки.)
![]() СОСТАВУВАЊЕ ФИГУРИ ОД ТАНГРАМ
- 5 јануари 2018, КАТЕГОРИЈА: Математички игри Танграмот не е обична сложувалка со секогаш една иста почетна фигура која треба да се состави. Со седумте делчиња на танграмот може да се составуваат фигури на животни, предмети, луѓе, со него се вежба ориентацијата, поставеноста на фигурите, добар е за забава за сите генерации. Дознајте повеќе за потеклото на танграмската сложувалка, за легендата на танграмот и забавувајте се со предложените танграмски сложувалки. повеќе... ![]() ПИШУВАЊЕ ТАЈНИ ПОРАКИ
- 19 ноември 2017, КАТЕГОРИЈА: Математички игри Децата често сакаат да си играат игри во кои ќе користат таен јазик, јазик кој им е познат само ним, а не и на возрасните или на некоја друга група деца. Тоа може да биде модификација на говорниот јазик што го користат децата или, пак, да се користат одредени (тајни) симболи за комуникација. А може да се користат и самите букви од азбуката, но споени на чуден начин. Ви претставуваме три начини на пишување на тајни пораки, користејќи ги буквите од македонската азбука. повеќе... ![]() 3 ИГРИ СО СОБИРАЊЕ И ОДЗЕМАЊЕ
- 4 октомври 2017, КАТЕГОРИЈА: Математички вештини, Математички игри Со овие три игри би внеле свежина во процесот на совладување на почетните сметачки вештини - собирање и одземање до 10. Пријатна забава и весело дружење додека ги чекорите првите чекори во светот на бројките! повеќе... ![]() Игри на плочниците во градот
- 12 јули 2017, КАТЕГОРИЈА: Математички игри Ајде да го направиме интересно и полезно времето поминато на плочниците. Ви предлагаме три нови математички игри. Потребни ви се креди, деца кои сакаат да скокаат, и забавата може да почне. повеќе... ![]() Игра „Мартинети“
- 25 мај 2017, КАТЕГОРИЈА: Математички игри Друштвена игра за двајца играчи, но може и повеќе. Потребни ви се три коцки за играње, по еден пион за секој од играчите и табла за играње „Мартинети“ повеќе... ![]() МАКЕДОНСКАТА АЗБУКА И МАТЕМАТИКАТА - ДЕФИНИРАЊЕ НА МАТЕМАТИЧКИ ПОИМИ
- 24 јануари 2017, КАТЕГОРИЈА: Математички вештини, Математички игри Умешноста добро да се дефинира одреден поим не е само литературна способност, туку и показател за тоа дали и колку темелно е усвоен математичкиот поим. Која е тајната на дефинирањето на математички поими и како може оваа вештина да се вежба? повеќе... ![]() Семејни математички игри
- 5 јануари 2017, КАТЕГОРИЈА: Математички игри Кога ќе ги споите двете најомилени работи на едно дете - семејството и играта, ќе добиете прекрасен спој - семејни игри. Да им го збогатиме зимскиот распуст на нашите деца со неколку, помалку или повеќе познати игри со карти и коцки, кои може да ги играте во кругот на семејството и при тоа сите убаво да се забавувате. повеќе... ![]() Игра „Блокус“
- 25 ноември 2016, КАТЕГОРИЈА: Математички игри Оваа игра многу наликува на мегапопуларната игра Тетрис, па можеби и затоа брзо е прифатена и веќе има достигнато одредена популарност. Ги развива логиката и статешките вештини, а можете и самите да ја изработите. повеќе... ![]() Африканска стратешка игра „Дара“
- 11 јули 2016, КАТЕГОРИЈА: Математички игри Оваа игра се игра на табла со 5 х 6 полиња и двајца играчи, при што секој играч има по 12 идентични „фигури“. Ако играта ја играте надвор, таблата може да ја нацртате со креда, едниот играч да игра со камчиња, а другиот со дрвца... повеќе...
![]() ИГРА “ЧЕТВОРКАТА ГУБИ“
- 4 јуни 2016, КАТЕГОРИЈА: Математички игри Ви предлагаме една забавна игра која лесно може да се прилагоди според возраста и условите. Играта се игра со тимови составени од по два ученика, при што едниот ученик поставува задача, на пример 2 + 3, а другиот ученик треба да го каже одговорот (5). При тоа правилата се ... повеќе... ![]() ИГРИ: ПОДЕЛБА НА ФИГУРА И ИГРА НА БРОЕЊЕ (МАЈ 2016)
- 31 мај 2016, КАТЕГОРИЈА: Математички игри Доколку ги пропуштивте игрите кои ги објавувавме во текот на месец мај 2016 год, на почетната страна на Математика + и на Facebook страната, истите ќе ги најдте тука. повеќе... ![]() МАТЕМАТИКА ВО ПРИРОДА
- 29 април 2016, КАТЕГОРИЈА: Математички игри, Математички совети Ви предлагаме активности, игри кои може да ги реализирате за време на прошетките низ паркот, излетите во природа, одморот на плажа. Истите активности наставниците може да ги реализираат на одморите меѓу часовите поминати на отворено со целото одделение или како посебен час во природа. повеќе... ![]() АПРИЛ 2016 - МЕСЕЦ НА ИДНИНАТА НА ПРЕДВИДУВАЊЕТО (ИГРА НА ПРЕДВИДУВАЊЕ СО КОЦКИ)
- 12 април 2016, КАТЕГОРИЈА: Математички вештини, Математички игри По повод месецот на математички основаните предвидувања (април 2016) ви предлагаме да ја погледнете Играта на предвидување со коцки, која може да се игра и на училиште и дома, може да се игра со целото оделение, во групи, по парови или индивидуално. Соодветна е за учениците од 1, 2 и 3 одделение, но и за повисоките одделенија. Се надеваме дека ќе им биде забавна на нашите најмали пријатели и ќе научат нешто повеќе за улогата на математката во предвидувањата. повеќе... |
Математика +Блог страница на Математика + наменета за децата, родителите и наставниците.
Категории |
Copyright © 2015 Математика +
|