МАТЕМАТИКА ВО ПРИРОДА
|
Правилата на играта се следните:
1) Само еден диск смее да се помери при едно померување од еден на друг стап. 2) При секое померување дозволено е да се померува само диск кој се наоѓа на врвот на било кое купче. 3) Секогаш треба да се реди помал над поголем диск. Целта на играта е Ханојската кула целосно да се премести од еден на друг стап (најчесто од првиот на третиот) и тоа да се направи во што е можно помал број на померувања, потези. Најмалиот број на померувања за да се реши оваа загатка во случај на три диска е 7 поместувања, во случај на четири диска е 15 поместувања, во случај на пет диска е 31 поместување. Па, тежината на играта е одредена според бројот на дискови. |
Интересен е податокот дека идејата за оваа игра потекнува од една индиска легенда според која свештениците од еден индиски храм померуваат кула од 64 златни диска според истите правила и кога ќе го направат последниот потег, пророштвото вели дека тогаш ќе дојде крајот на светот. Меѓутоа, може да се пресмета, да ако тие прават по едно померување во секунда, би им биле потребни најмалку 585 милијарди години за да ја завршат играта. Од друга страна, едноставноста на оваа игра ја прави привлечна и за психолозите. Таа често се користи при психолошките тестови, бидејќи, според психолозите, лесно се објаснуваат нејзините правила и може да се набљудува како луѓето размислуваат, кои стратегии ги користат. Но сепак, како најважна нејзина карактеристика, би ја издвоиле рекурзивната природа на играта, поточно нејзиното решение, која доведува до развивање на важни математичко-логички способности.
Исто така, играта е и забавна. За децата наједноставно е да се започне со Ханојска кула составена од три диска. Може да се натпреварувате во тоа кој ќе ја премести кулата во најмал број на потези, или кој најбрзо ќе ја премести кулата. Иако, оригиналната игра е направена од дрвени стапови и дрвени дискови, таа може да се игра и без тоа, со природни ресурси кои ни се на располагање. Ќе треба само малку иновативност и креативност. Така, наместо стапови, може да обележите три квадратни полиња наредени во еден ред, а наместо дискови, да употребите камени плочки или лисја со различна големина, кои за почеток ќе ги наредите во првото поле еден над друг по голмина. На сликата е даден модел на играта Ханојска кула, каде дисковите се заменети со три лисја со различна големина и боја.

Истражете ја заедно природата околу вас. Дозволете му на детето и самото да најде нешта кои ќе послужат како замена за дисковите на Ханојската кула.
Автор: Ирена Стојковска
Сличен блог пост:
АПРИЛ 2016 - МЕСЕЦ НА ИДНИНАТА НА ПРЕДВИДУВАЊЕТО (ИГРА НА ПРЕДВИДУВАЊЕ СО КОЦКИ) (Математички игри)
ДА СЕ НАСМЕЕМЕ ... ХУМОРОТ ЈА РАЗВИВА ИНТЕЛЕГЕНЦИЈАТА И ОСЛОБОДУВА ОД СТРЕСОТ (Математички совети)

Математика +
Блог страница на Математика + наменета за децата, родителите и наставниците.
Категории
Copyright © 2015 Математика +
|