Едукативен веб сајт за математика
www.matematika-plus.weebly.com
Математика +
  • Почетна
  • Рубрики
    • Дознај повеќе...
    • Задачи на месецот
    • Тестови >
      • Предучилишна возраст
      • Прво одделение
      • Второ одделение
      • Трето одделение
      • Четврто одделение
      • Петто одделение
    • Математички приказни
    • Отворени проблеми
    • Работни листови
    • Математички боенки
    • Слики и анимации
    • Загатки плус
    • Хумор плус
    • Од наставата
  • Блог
    • Сите
    • Дали сте знаеле...
    • Забавна математика
    • Загатки и хумор
    • Математички вештини
    • Математички игри
    • Математички совети
    • Math Plus Blog
  • За нас
  • Контакт

НЕКОИ ФАКТИ ЗА БРОЈОТ ЕДЕН
16 ноември 2016, КАТЕГОРИЈА: Дали сте знаеле...


Picture
На што прво ви текнува кога ќе помислите на бројот 1 (еден)? Можеби на: единственост, уникатност, непроменливост. И не сте така далеку од значењето на овој број. 

Бројот 1 често се смета за единица (при мерење, на пример 1 метар, 1 секунда). Бројот 1 е првиот позитивен цел број, првиот позитивен непарен број. Секој број останува непроменет при множење со бројот 1. Еден на квадрат е еден (1^2 = 1), еден на трета е еден (1^3 = 1), итн, еден факториел е еден (1! = 1), квадратен корен од еден е еднаков на еден. Бројот 1 не е ниту прост, ниту сложен број, бидејќи има само еден делител, а тоа е бројот 1. Па, не е ни чудно зошто античките Грци не го сметале за број.

Во физиката со 1 се означува „вклучено“ или „ON“, во програмирањето со 1 се означува булеан вредноста „вистинито“ или „TRUE“, 1 е количината на електронскиот полнеж на еден протон (+1e), субатомска честичка од чија бројност во јадрото на атомот, зависат хемиските својства на атомот, па од тоа се препознава за кој хемиски елемент станува збор.

Бројот 1 е омилен во трките, натпреварите, но непосакуван е на училиште. Во кошарката, 1 поен се доделува за постигнат кош при слободно фрлање. Асот во картите понекогаш има вредност 1. Тоа е бројот на луѓе кои живееат во градот Monowi, Nebraska. Во нашиот главен град Скопје НЕМА автобуска линија со бројот 1.

Мобиусовата лента има една површина и еден раб. Лесно е да се направи. Земете малку подолга лента од хартија и спојте ги нејзините два краја, така што претходно ќе направите едно превртување. На прв поглед се чини дека таа има две површини, внатрешна и надворешна, но побарајте од другарчето едната површина да ја обои во сино, а другата во црвено. Резултатот од тоа боење ќе биде како овој на сликава, целата лента ќе биде обоена во една боја, бидејќи има една површина.

Picture

​Една интересна низа од равенства кои даваат резултат број запишан само со единици:
Picture
Уште една симетрична низа од равенства со броеви запишани само со единици:
Picture
Дропката 1/9 запишана како децимален број има бесконечно многу единици после децималната запирка:
Picture

​Автор: ​Ирена Стојковска
​
Сличен блог пост:
​КАКО ЛУЃЕТО ГО БЕЛЕЖАТ БРОЕЊЕТО (Дали сте знаеле...)
Picture

Математика +

Блог страница на Математика + наменета за децата, родителите и наставниците. 

Категории

Сите
​Дали сте знаеле...
​Забавна математика
Загатки и хумор
Математички вештини
Математички игри
​​
Математички совети
​
Math Plus Blog

Copyright © 2015 Математика +
Архива
Powered by Create your own unique website with customizable templates.