ЛОГИЧКИ ЗАГАТКИ (четврт дел)
|
3.
Премести едно чкорче за да добиеш точен исказ: XI - III = VI
|
4.
Како со 4 нули, употребувајќи кои сакаш математички операции, може да добиеш 120? 0 0 0 0 -> 120
|
Одговори на загатките (17 јануари 2017)
1. Според начинот на движење, мечката морала да тргне од северниот пол. Значи, мечката е бела.
2. Можни одговори за три последователни дена се: вчера, денес, утре, или денес, утре, задутре, но исто така и први, втори, трети (во месецот) итн.
3. Можни решенија за да со едно поместување на чкорче, се добие точен исказ се:
IX - III = VI или X - III = VII, но исто така точен исказ се добива и ако прместите некое чкорче и го прецртате знакот за еднакво, на пример X - III ≠ VI.
4. Знаејќи дека 0! = 1 (прочитај повеќе за факториелот во Што е факториел), можеме да го добиеме бројот 120 од четири нули на следниот начин:
((0! + 0! + 0!)! - 0!)! =((1 + 1 + 1)! - 1)! = (3! - 1)! = (6 - 1)! = 5! = 120.
Автор: Ирена Стојковска

Математика +
Блог страница на Математика + наменета за децата, родителите и наставниците.
Категории
Copyright © 2015 Математика +
|