ЗАГАТКИ ЗА БРОЕВИ
|
1.
Да ви се претставам сакам јас сега, јас сум бројка од која секој бега. Не, не сум јас, бројот еден, кој во училиште го има, тој што не е вреден. Но, не знам зошто не ме бие добар глас, за еден сум повеќе, од дузина јајца јас. |
2.
И од лево и од десно, иста бројка сум јас, гледана од горе, од долу, воопшто не менувам стас. Три цифри имам, но не се сите исти, заоблени се тие, нанижани ко монисти. Не треба ништо друго, уште да ви кажувам вам, знате веќе која сум, ај да не ви досадувам. |
3.
Бројки сме ние две различни сме, сите велат, збирот и разликата наши без остаток се делат. Помалата од нас, исти цифри има, први соседи сме ние, и во лете и во зима. Жители сме ние на десетката втора, сега секој од вас да нѐ погоди ќе мора. |
4.
Питагорина тројка, броеви сме ние, но што значи тоа, сега ќе дознаете вие. Должини сме на страни на триаголник со агол прав, за нас a² + b² = c² важи, сите велат без страв. Ќе ви кажеме уште нешто, за да нѐ погодите без мака, ние сме три цифри, кои секогаш се држат за рака. |
Одговори на загатките
Подоцна ќе бидат објавени.
Математика +
Блог страница на Математика + наменета за децата, родителите и наставниците.
Категории
Copyright © 2015 Математика +
|