ВИЗУЕЛНО ПРОЦЕНУВАЊЕ
|
• Не се обидуваме да го најдеме точниот одговор.
• Се обидуваме да најдеме нешто кое е доволно добро (вообичаено кога сме во ситуација на брзање). |
На пример, точните вредности на следните збир и производ се 123 + 568 = 691 и 2,58 · 54 = 139,32. Додека, нивните приближни вредности добиени со проценување се 123 + 568 ≈ 700 и 2,58 · 54 ≈ 140.
Проценувањето може да заштеди пари, време, да ги намали грешките при пресметките, може да биде забавно и претставува добра вежба за мозокот. За проценувањето и за методите со кои може да направиме добри проценки при пресметување на бројни изрази, прочитајте во текстот Проценување - зошто и како до добри проценки.

Проценувањето не секогаш е насочено само кон правење пресметки! Подеднакво важно е да бидеме способни да процениме колкав е бројот на предмети кои се во нашето видно поле, да ја процениме должината или големината на нешто, и слично. На пример, колку вкупно форми има на сликата?
Формите можеме да ги преброиме, но што ако не ни е потребен точен одговор, туку заокружен кој е доволно добар? Ајде, направете ја својата проценка.
Покрај воочувањето на нештата и нивното пребројување, честопати се соочуваме со мисловни задачи во кои е потребно правење на проценки. Ако плоштината на малото квадратче е еден сантиметар квадратен (1 cm²), колкава е плоштината на големиот пеавоаголник?

Обидете се да направите „проценка од око“. Ќе ви дадеме една идеја која ќе ви помогне при правењето на проценката. Проценете ги должината и ширината на дадениот голем син правоаголник. Производот на проценките за должината и ширината, ќе биде проценетата плоштина на правоаголникот. Понатаму, може и сами да продолжите.
Проценувањето на нештата е многу корисно и при секојдневните обврски. Еве неколку секојдневни ситуации за кои ни треба правењето на проценки:
Проценувањето на нештата е многу корисно и при секојдневните обврски. Еве неколку секојдневни ситуации за кои ни треба правењето на проценки:
• Колку хартија за завиткување ни е потребна за да ги завиткаме роденденските подароци на нашите пријатели?
• Колкава количина на леб ни е потребна за да направиме сендвичи за сите пријатели за утрешниот пикник? • Колку боја ни е потребно за фарбање на оградата или фасадата од куќата? • Колку тенки треба да ги сечеме парчињата торта за да има доволно за секој гостин на нашата прослава? |
Проценувањето ќе ви треба и при решавање на задачи со математичко моделирање, кога задачата прво треба да ја доопределеме, да ги процениме вредностите на величините кои ќе ги користиме за моделирање, па потоа да преминеме на нејзино решавање (видете го текстот Што е математичко моделирање?).
Метод на палец за проценување на оддалеченост
При проценувањето на нештата, многу корисно е да имаме одредено искуство кое ќе ни помогне да направиме попрецизна проценка. Доколку сме запознаени со вистинската големина на нештата може да ни биде од голема корист при правењето на проценките. Колку често сте се обиделе да процените колку далеку се наоѓа некој објект во вашето видно поле? Се наоѓате на одредена далечина од автомобил во мирување. Колку метри изнесува таа далечина меѓу вас и возилото? Ви претставуваме еден корисен метод (метод на палец) кој ќе ви помогне при проценување на далечината:
• Држете ја раката испружена нанапред.
• Затворете го едното око и поставете го палецот на едниот крај од далечниот објект (ако е затворено левото око, се става на левиот крај, во случај кога е затворено десното, палецот се поставува на десниот крај на објектот). • Сега, отворете го окото и затворете го другото, без да го помрднете палецот. • Палецот изгледа како да се придвижил, односно како да ја променил својата првична позиција. • Проценете колку мерни единици се поместил палецот (во случајов можеме да споредиме со должината на автомобилот). • Помножете го бројот со 10 и ќе ја добиете проценката за далечината на објектот. |
Погледнете го следниот пример на проценување на вашата оддалеченост од возилото:
Во нашиот пример, палецот изгледа дека се поместил колку половина од должината на автомобилот. Ако знаеме дека автомобилот е долг околу 5 метри, тогаш половина од неговата должина е 2,5 метри. Па, можеме да кажеме дека оддалеченоста меѓу нас и автомобилот е околу 10 · 2,5 = 25 метри.
Но, зошто проценетото поместување на позицијата на палецот го помноживме токму со 10? Имено, Растојанието од нашите очи до испружениот палец е 10 пати поголемо од растојанието помеѓу нашите две очи.
Но, зошто проценетото поместување на позицијата на палецот го помноживме токму со 10? Имено, Растојанието од нашите очи до испружениот палец е 10 пати поголемо од растојанието помеѓу нашите две очи.
Па така, растојанието меѓу нас и далечниот објект (во случајов синиот автомобил) е 10 пати поголемо од ширината на далечниот објект која палецот изгледа како да ја поминува кога се „придвижува“.
Овој начин функционира, бидејќи во видното поле се формираат два слични триаголници, па од таа причина разгледуваните односи се еднакви.
Должини кои се корисни при правење на проценки
Доколку сакате да направите добри проценки на одредени должини во вашето видно поле, добро е да знате дека:
• Помалите автомобили се долги 4 метри, а поголемите имаат должина околу 5 метри.
• Автомобилите се широки околу 1,8 метри. • Петгодишно дете има висина од околу 1 метар, додека еден возрасен човек е висок околу 1,80 метри. • Вообичаена влезна врата е висока 2 метра, а широка 0,8 метри. • Камион со приколка најчесто има должина од 20 метри. • Помала куќа има ширина од околу 8 метри, а поголема од околу 12 метри. • Висината на куќа на еден кат е околу 5 метри, а доколку куќата е на два ката, нејзината висина е околу 8 метри. • Висината на секој кат во една зграда е околу 3,5 метри. |
Забелешка: Кога овој метод (методот на палец) го користите за проценување на висина, главата и палецот завртете ги странично за 90 степени.
Знаејќи ги овие корисни факти, сега на вас е редот да излезете надвор и да почнете со проценување на оддалеченоста на објектите во околината. На која далечина се наоѓа куќата на вашето другарче кое живее отспротива, на која далечина се наоѓа улицата која се вкстува со вашата, лулашките на игралиштето на крајот од улицата, тркалезните сијалици на уличните бандери итн.
За да бидете добри при проценувањето на нештата, треба да имате богато искуство и пракса. На следниот линк има неколку игри со кои би можеле да вежбате правење на проценки (аритметички и визуелни):
https://www.mathsisfun.com/numbers/estimation-game.php.
Извор:
[1] https://www.mathsisfun.com/numbers/estimation-visual.html

Математика +
Блог страница на Математика + наменета за децата, родителите и наставниците.
Категории
Copyright © 2015 Математика +
|