ЛОГИЧКИ ЗАГАТКИ (трет дел)
|
1.
Одат во колона 4 мравки, првата вели: “Зад мене има 3 мравки“, втората вели: “Зад мене има 2 мравки“, третата вели: “Зад мене има 1 мравка“, четвртата вели: “Зад мене има 3 мравки“. Дали е тоа можно, ако знаеме дека секоја од мравките ја зборува вистината? |
2.
Дешифрирај го изразот МУВА + МУВА = СЛОН,
ако различна буква означува различна цифра и при тоа самогласките и согласките имаат различна парност.
|
Одговори на загатките (22 декември 2016)
1. Првите три мравки оделе нанапред, а четвртата одела наназад.
2. Не е можно согласките да се непарни, а самогласките парни, бидејќи тогаш МУВА ќе е парен број, а СЛОН непарен, и збир на два парни броја не може да е непарен. Значи. согласките (М, В, С, Л, Н) се парни, а самогласките (У, А, О) се непарни. Со елиминација на можните кандидати за вредности за секоја од буквите (од местото на единици, кон местото на илјади), добиваме 2309 + 2309 = 4618.
3. После еден час од сега ќе биде двојно подалеку од полноќ отколку после два часа од сега. Значи, после два часа од сега ќе биде време кое е само еден час до полноќ, т.е. 23 часот. Значи сега е 23 - 2 = 21 часот.
4. Жицата најнапред ќе се свитка на половина (половина од 2/3 е 1/3), па едната половина повторно ќе се свитка на половина (половина од 1/3 е 1/6), и ќе се исече една половина од половината (ќе се исече 1/6 метар, значи ќе остане 2/3 - 1/6 = 4/6 - 1/6 = 3/6 = 1/2 метар).
Автор: Ирена Стојковска

Математика +
Блог страница на Математика + наменета за децата, родителите и наставниците.
Категории
Copyright © 2015 Математика +
|