Задачи на месецот - Април 2017
Решение (април 2017):
Во бараната низа, бројот 5 (медијаната) е на средината, односно е третиот број кога броевите во низата се подредени по големина од најмал до најголем. Бидејќи модата е 1, тоа значи дека бројот 1 се јавува повеќе пати од бројот 5, од друга страна бројот 1 е помал од бројот 5, па него го има најмногу два пати, односно првиот и вториот број се 1. Четвртиот и петтиот број се поголеми од 5 и се различни, а од аритметичката средина дека е 4, имаме дека збирот на четвртиот и петтиот број 5 · 4 - (1 + 1 + 5) = 20 - 7 = 13. Значи, четвртиот број е 6, а петтиот број е 7. Па, бараната низа е 1, 1, 5, 6, 7. |
Copyright © 2015 Математика +
|