Задачи на месецот - Април 2018
Решение (април 2018): Ангела со сигурност не лаже, затоа што ако таа лаже ќе треба и Бојана да лаже, но само една од братучетките лаже. Значи, Ангела зборува вистина, па нејзиното јајце е црвено. Ако Бојана лаже, тоа значи дека таа нема црвено јајце, па Весна ја зборува вистината независно од тоа каква боја е нејзиното јајце. Ако Весна лаже, тоа значи дека јајцата на Бојана и Весна се црвени, па Весна ја зборува вистината. Значи, или Бојана или Весна лажат. Ако одбереме да го видиме јајцето на Бојана и ако тоа не е црвено, ќе значи дека Бојана лаже, паа Весна мора да ја зборува вистината (но нема да знаеме дали нејзиното јајце е црвено или не). Но, ако јајцето на Бојана е црвено, тогаш Бојана ја зборува вистината, па бидејќи една од братучетките лаже, тоа мора да е Весна, што значи дека и таа има црвено јајце. Ако одбереме да го видиме јајцето на Весна и ако тоа не е црвено, тоа значи дека Весна ја зборува вистината, па Бојана мора да лаже, што значи дека таа нема црвено јајце. Но, ако јајцето на Весна е црвено, тогаш не знаеме дали Весна лаже или ја зборува вистината, бидејќи не ја знаеме бојата на јајцето на Бојана. Значи, ако одбираме чие јајце треба да видиме, за да може да кажеме која од братучетките лаве, тоа треба да биде јајцето на Бојана. Оваа задача е инспирирана од http://mathat730.blogspot.mk/2017/09/problem-no-24-three-friends.html |
Copyright © 2015 Математика +
|