Математички приказни - „Црвенкапа“ (6/10)
Откако волкот ја голтнал бабата, ја облекол облеката на бабата и легнал во креветот на бабата. По неколку минути Црвенкапа затропала на вратата. Волкот на брзина се покрил со покривката преку носот.
„Кој е? Кој тропа?“ - прашал волкот со растреперен глас. „Јас сум, Црвенкапа.“ - одговорила Црвенкапа. „О, прекрасно. Влези, влези, мила внучке.“ - рекол волкот со растреперен глас имитирајќи ја бабата.
|
Copyright © 2015 Математика +
|