Задачи на месецот - Декември 2015
Решение (декември 2015):
Од првиот услов имаме дека Австралија е последна (шеста) во низата, додека од третиот услов имаме дека Азија и Африка се најнапред во низата, а бидејќи според четвртиот услов Азија се поминува поспоро од Африка, заклучуваме дека Азија е прва, а Африка е втора во низата. Од вториот услов следи дека Европа е трета, а од четвртиот услов, односно дека Јужна Америка се поминува побрзо од Северна Америка, следи дека Северна Америка е четврта, а Јужна Америка е петта. Значи, континентите подредени според времето потребно да се посетат, почнувајќи од континентот за кој е потребно најмногу време, се: 1. Азија 2. Африка 3. Европа 4. Северна Америка 5. Јужна Америка 6. Австралија |
Copyright © 2015 Математика +
|