Задачи на месецот - Ноември 2017
Решение (ноември 2017):
Марко мора да ја заврти картата на која е кучето, за да провери дали од другата страна има маче, ако има маче, тогаш неговата претпоставка не е точна. Исто така, Марко мора да ја заврти картата на која е коњчето, за да провери дали од другата страна има куче, ако има куче, тогаш неговата претпоставка не е точна. Меѓутоа, Марко не мора да ја проверува картата на која е мачето, затоа што без разлика што има на другата страна, неговата претпоставка нема да биде побиена. Имено, ако од другата страна има куче, неговата претпоставка е точна, а ако од другата страна нема куче, тогаш не е исполнет условот на неговата претпоставка, па претпоставката и во овој случај е точна. Значи, Марко треба да заврти две карти (првата и третата) за да ја провери точноста на својата претпоставка. Ако при вртење и на првата и на третата карта, не ја прогласил претпоставката за неточна, може да заклучи дека претпоставката му е точна. Оваа задача е инспирирана од http://www.1001mathproblems.com/2015/07/blog-post_24.html |
Copyright © 2015 Математика +
|