Математички приказни - „Трите прасиња“ (14/24)
Волкот се изнервирал, но сепак се однесувал многу смирено. Си помислил, „Ова прасе е паметно. Ако сакам да го фатам, мора да се преправам дека му сум пријател.“
Му рекол „Прасенце, ако сакаш утре можам да те однесам на нивата на Г-дин Стојановски. Таму има многу убави репки, ќе си ги јадеме за вечера. Чекај ме пред твојата куќа во 7 часот наутро.“
|
Copyright © 2015 Математика +
|