Четврто одделение - Тест 4(1)-1
Задача 1. Во една зграда има 5 спрата, на секој спрат има по 4 стана, во секој стан има по 6 прозора. Колку вкупно прозори има во зградата?
Задача 2. Колку вкупно правоаголници има на сликата?
Задача 3. Неколку другарки собирале цвеќиња од околниот парк. Јасмина собрала 15 цвеќиња, Анета собрала 18 цвеќиња повеќе од Јасмина, Кристина собрала една третина од цвеќињата на Анета, а Весна собрала 5 повеќе цвеќиња од Јасмина и Кристина заедно. Колку вкупно цвеќиња собрале сите другарки заедно?
Задача 4. Обој ги правоаголниците така да никои два соседни правоаголника да не се обоени во иста боја. Колку најмалку бои ти се потребни?
Задача 5. Мајка ѝ на Ангела често правела „ресана-торта“ за која, меѓу другото, потребни ѝ се: половина килограм ресана бисквити, 150 грама маргарин и 300 милилитри млеко. Ангела посакала таква торта и за својот роденден. Бидејќи на роденденската забава очекувале повеќе другарчиња од претходниот роденден, мајка ѝ одлучила да прави три пати поголема торта од вообичаено. Колкаво количество од овие состојки треба да се купи, за да може да се направи оваа тројно поголема торта, ако е познато дека ресана бисквитите се продаваат во пакување од по 400 грама, маргаринот се продава во пакувања од по 250 грама, а млекото во пакувања од еден литар?
Copyright © 2015 Математика +
|