Математички приказни - „Црвенкапа“ (10/10)
„Леле бабо, колку се исплашив!“ - со плачлив глас рекла Црвенкапа - „Повеќе нема да зборувам со непознати или да се задржувам подолго време во шумата.“
„Така е, чедо мое. Научи важна лекција. Среќа што викаше доволно гласно за да те слушне дрвосечачот.“ - рекла бабата. Потоа, дрвосечачот го однел волкот длабоко во шумата, каде нема повеќе да им здодева на луѓето. А Црвенкапа и бабата седнале да ручаат и да си разговараат, среќни и весели што се спасиле од волкот.
|
Copyright © 2015 Математика +
|