Математички приказни - „Црвенкапа“ (одговори)
Одговори на задачите од математичката приказна „Црвенкапа“:
Задача 1. Во селото има вкупно 16 куќи. Задача 2. Црвенкапа може да понесе најмногу 6 + 10 + 9 = 25 колачиња во кошницата. (Два леба тежат колку и 6 колачиња. Шест јаболка тежат колку и 9 колачиња.) Задача 3. Во букетот имало 11 црвени и 8 розови цвеќиња. Задача 4. Родителите на Лина имаат за 3 повеќе женски деца отколку машки. Задача 5. Да, може да се состават два триаголника од 5 стапчиња. Триаголниците ќе се допираат со една од страните. Задача 6. Црвенкапа стигнала за 20 минути до куќата на бабата одејќи по подолгиот пат. Задача 7. Двете свеќи ќе се потрошат за недела дена. (Секоја вечер горат и двете свеќи.) Задача 8. Полжавот ќе се искачи на масата за 46 дена. (Потребни му се 45 деноноќија за кои напредува по 1 cm во едно деноноќие, и последниот 46-ти ден ќе ги искачи последните 5 cm.) Задача 9. Дрвосечачот прво ќе ја качи во чамецот Црвенкапа, ќе ја преминат реката, ќе ја остави Црвенкапа на дугиот брег, и ќе се врати сам со чамецот. Потоа, во чамецот ќе го качи волкот, ќе ја преминат реката, ќе го стави волкот на другиот брег, ќе ја земе Црвенкапа, и ќе се врати заедно со Црвенкапа. Сега, ќе ја остави Црвенкапа и ќе ја земе кошничката со колачиња, ќе ја премине реката, ќе ја остави кошничката со колачиња на другиот брег кај волкот, и ќе се врати сам со чамецот. На крај, ќе ја качи во чамецот Црвенкапа, ќе ја преминат реката, ќе ја остави Црвенкапа на дугиот брег кај волкот и кошничката со колачиња. Задача 10. Сите тегли заедно кога се празни тежат 5 килограми. *) Со кликање на задачата може да пристапиш повторно кон страната со текстот на задачата. **) Превод на текст и автор на задачите: Ирена Стојковска |
Дополнителна активност: Раскажи ја приказната „Црвенкапа“ според сликите.
*) Илустрациите за приказната се превземени од www.dltk-teach.com.
Copyright © 2015 Математика +
|