Прво одделение - Тест 1(1)-2
Одговори на задачите од Тест 1(1)-2:
Задача 1. Ќе го започнеш цртањето од точка каде се сечат двата правоаголника. Цртај по линијата на едниот правоаголник. Кога ќе дојдеш до другата пресечна точка, премини на цртањето на другиот правоаголник, нацртај го целосно, па кога ќе се вратиш на втората пресечна точка, доцртај го првиот правоаголник.
Задача 3. Картичките на Марко се во 3 различни бои (црвена, зелена и сина). Црвената боја ја има на 6 картички (на 5-те црвени картички и на едната шарена картичка).
Задача 4.
а) 2, 4, 6, 8, 10, 12, 14, 16
б) 4, 8, 12, 16, 20, 24, 28, 32
в) 30, 27, 24, 21, 18, 15, 12, 9
а) 2, 4, 6, 8, 10, 12, 14, 16
б) 4, 8, 12, 16, 20, 24, 28, 32
в) 30, 27, 24, 21, 18, 15, 12, 9
Задача 5. Сонцето на знамето на Тибет има за 4 повеќе жолти краци отколку сонцето на знамето на Македонија.
Задача 6. Мила решила вкупно 1 + 2 + 3 + 4 + 5 + 6 + 7 = 28 задачи.
Задача 8. Ќе биде АПРИЛ (следната година).
Задача 9. Сите другарки заедно имаат 3 + 5 + (3 + 5) = 3 + 5 + 8 = 16 моливи.
Задача 10. Ако асот има вредност 1, тогаш збирот на картите е 3 + 3 + 1 + 1 = 8. Ако асот има вредност 11, тогаш збирот на картите е 3 + 3 + 11 + 11 = 28. Ако дозволиме асот да има вредност 1 или 11 (како во табланет), тогаш збирот на картите може да биде 8 или 28 или 3 + 3 + 1 + 11 = 18. Но, во некои игри со карти асот може да има вредност 1 или 10. Кои се сите можни збирови во тој случај?
Доколку составувате математичка задача во која барате определен одговор, таа треба да е добро дефинирана.
Во нашиот случај, ако во задачата се наведе дека асот има вредност 1, или се наведе дека асот има вредност 11, дури и ако се наведе дека асот има вредност 1 или 11, одговорот на задачата е определен. Во спротивно, постојат повеќе начини на добра дефинираност на задачата, и секој од нив доведува до решение на задачата.

*) Со кликање на задачата може да пристапиш повторно кон текстот на задачата.
**) Aвтор на задачите: Ирена Стојковска
**) Aвтор на задачите: Ирена Стојковска
Copyright © 2015 Математика +
|