Второ одделение - Тест 2(2)-2
Одговори на задачите од Тест 2(2)-2:
Задача 2. Од дома до училиште на Тања ѝ се потребни 35 минути. Од дома до училиште и назад Тања патува 35 + 35 = 70 минути = 1 час и 10 минути.
Задача 3. Има 9 такви двоцифрени броеви, тоа се: 10, 21, 32, 43, 54, 65, 76, 87 и 98.
Задача 4. Ќе има вкупно 1 + 2 + 3 + 4 + 5 + 6 + 7 + 8 + 9 = 45 квадрати.
Задача 5.
а) 4, 13, 22, 31, 40, 49, 58, 67, 76, 85, 94
б) 7, 22, 37, 52, 67, 82, 97
в) 99, 87, 75, 63, 51, 39, 27, 15, 3
а) 4, 13, 22, 31, 40, 49, 58, 67, 76, 85, 94
б) 7, 22, 37, 52, 67, 82, 97
в) 99, 87, 75, 63, 51, 39, 27, 15, 3
Задача 6. Ако Ева започне со прецртување на непарен број и според правилата на играта постојано прецртува само непарни броеви, тогаш Ива ќе треба да прецртува само парни броеви. Меѓу броевите од 1 до 99 има 50 непарни и 49 парни броеви, и затоа Ева ќе биде таа која ќе го прецрта последниот непрецртан (непарен) број и ќе победи.
Задача 7. Парни броеви поголеми од 15, а помали од 20 се: 16 и 18. Половина од 16 е 8, а половина од 18 е 9. Бројот 8 е четвртина од 4 × 8 =32, а бројот 9 е четвртина од 4 × 9 = 36. Кандидати за бројот кој е замислен се: 32 и 36. Но, бидејќи замислениот број е помал од 35, значи дека бројот кој е замислен е 32.
Задача 8. Има 1 + 1 + 3 + 6 = 11 коцки.
Задача 9. На цртежот има 5 прави.
Задача 10. За да се добијат годините на Марија, треба вкупниот број на години да се подели на 5 еднакви дела, па така Марија има 40 : 5 = 8 години, додека мајка ѝ на Марија има 4 × 8 = 32 години.
*) Со кликање на задачата може да пристапиш повторно кон текстот на задачата.
**) Aвтор на задачите: Ирена Стојковска
**) Aвтор на задачите: Ирена Стојковска
Copyright © 2015 Математика +
|