Отворени проблеми - Отворен проблем бр. 1
Математичките задачи со кои се среќаваме за време на нашето школување најчесто се целосно определени, со добро дефнирани услови и барања. Па, за да решиме една таква задача, треба добро да ги разбереме условите и барањата, да го одбереме методот со кој ќе решаваме, потоа да го примениме методот, па да ја решиме задачата.
На тој начин математиката нè учи како да размислуваме. Но, како да го примениме тоа размислување при решавање на проблеми од секојдневниот живот, кои ниту имаат добро дефинирани услови, ниту пак точно одредени барања. И нималку не наликуваат на математички задачи. Отворените проблеми кои ги објавуваме во оваа рубрика се проблемски ситуации кои треба да поттикнат подлабоко и пошироко размислување. Нив може да ги решаваат ученици од различни возрасти, заедно со наставниците, но и со домашните. Нивната природа е таква да секогаш е можно поинакво размислување, а со тоа и поинакво решение. Доколку ваквиот тип задачи се новина за вас, препорачуваме прво да го прочитате текстот Што е математичко моделирање? Ве поттикнуваме да ги оставате вашите размислувања во вид на коментари во продолжение на проблемот, а може и да ни ги пратите (видете Контакт). |
Отворен проблем бр. 1
|
Copyright © 2015 Математика +
|